Недела, 31 Мај 2020    Печати
Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски

Hristijan Mickoski

Христијан Мицкоски: На денешен ден, пред точно 22 години згасна животот на Драган Богдановски, но неговото дело и завет за Македонија продолжи.

Тој во референдумскиот манифест во 1991 година ќе напише :

„Покрај мрачната страна на политичките огледала во кое се топи ликот на Македонската Република, постои и светла страна. Интересите на Македонија бескомпромисно и неуморно ги заштитува татковинската илинденска партија ВМРО-ДПМНЕ која во судбоносните историски моменти се потврди како борец за независна македонска држава. Иако шиканирана од власта, прогонувана, клеветена, ВМРО-ДПМНЕ исполнува во политичкиот живот на Македонската Република многу важна улога бидејќи таа е носител на илинденскиот идеал на македонскиот народ за независна држава“,

ова го напиша Драган Богдановски.

Слава му!

dragan-bogdanovski-kongres