Сабота, 30 Мај 2020    Печати
Рашела Мизрахи: Вие сакате да глумите граѓани на светот, а ние да стоиме горди Македонци

8339

Вие сакате да ја разнебитите земјата што ве одранила од колевка, а ние ја благословуваме.

За вас гробовите на нашите предци се минато кое треба да исчезне, а нам ни се свети и бесмртни.

Вие велите дека сте модерни и авангардни, а всушност ви недостасува патриотско воспитание.

Ние сме ,,обични” и ги почитуваме традиционалните вредности.

Вие правите сѐ за децата да заминат од овде, ние сѐ за да им дадеме живот дома.

Вие носите камшик за тишина, а нас крвта ни зоврива штом чуеме зурли и тапани.

Вие носите омраза и осуди за сопствениот народ, а ние непокор кон таквите како вас.

Ние знаеме колку сме силни.

Вие сонувате за земја под туѓо небо, а ова е земја на сонцето.

Засрамете се!

Македонија вечна!!!

10144