|
||
| За каква нова брза трансформација на економијата говорите??? |
|
Не ви е вас приоритет здравјето на граѓаните, да ви беше немаше само да мислите како да “кркате” морски плодови и апетисани во ек на пандемија, туку ќе се погрижевте за медицинскиот персонал да има заштитна опрема, немаше цели 3 месеци во пандемија да најавувате респиратори кои сѐ уште не се пристигнати, немаше да вршите масовни партиски вработувања, ќе помогневте на стопанството и на фирмите за да не се случат масовни отпуштања.
За каква нова брза трансформација на економијата говорите??? Вие, г-не Николовски имавте 3 години да работите на економијата, но наместо да работите, вие одбравте да шетате низ светот со државни пари, да местите милионски тендери, да правите плантажи со марихуана и да дивеете низ Македонија, притоа да го лажете народот како економијата блеска! Единствено по што блескаме, е масовно задолжување без никакви капитални инвестиции. За цели 3 години немате ставено една шајка во ниту една институција. Вас очигледна добро ви оди кафанскиот живот и чочеците на автопати. Функционални институции, г-не Нилоловски, ќе има кога ќе се исчисти партизацијата која ја правите секојдневно. |