Вторник, 04 Февруари 2020    Печати
Виолета Ачкоска-Горда сум што сум Македонка
achkovska
Виолета Ачкоска

4 февруари - ДЕН НА РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Горда сум што сум Македонка и што денес со моите колеги и голем број македонски патриоти на најдостоинствен начин го одбележавме денот на раѓањето на Гоце Делчев, на трибината организирана од СПМ.

Еве дел од моето експозе на трибината:

„Можеби посебен нишан имаше звездата што падна од Кукушкото небо над домот на Делчеви, на 4 февруари 1872 г., кога се роди првото машко чедо на Султана и Никола. Toa беше звездата што блесна и ја осветлуваше Македонија во најклучните мигови на нејзината борба за автономија. Низ само една деценија револуционерна дејност (1894 - 1903), Гоце Делчев ги сублимира и ги изрази вековните стремежи, борба, недежи, сите завршени и незапочнати битки на својот македонски народ за слобода и државност.
Времето во кое се родил, време кога Македонија била под стегите на султанскиот феудализам, од една, и бунтовниот карактер, од друга страна, ја предоредиле патеката на неговата судбина. Покрај Гоце, од семејството на Никола и Султана Делчеви, за слободата на Македонија паднаа и двајцата други синови - Мицо и Милан. Сестрата Руша, пак, стана симбол на жена предадена на револуционерното дело, како и мајката Султана. Двете жени на Делчеви, заедно со паднатите јунаци, влегоа во епската историја на Македонија, како пример на пожртвуваност и секогаш ќе бидат дел од моралното и патриотското воспитување на младите генерации Македонци. ...

...Ликот и делото на Гоце Делчев беа и останаа светост за секој Македонец и затоа тој има заслужно место во вечната куќа на македонскиот опстој. Неговите коски почиваат во престолнината на слободна Македонија, според заветот што го остави“.

Денес 4 февруари во 11 часот, традиционално оддаваме почит на гробот на Делчев во црквата св. Спас.
Вечна слава!