Четврток, 15 Јануари 2026    Печати
СДС повторно „растура пердуви“

15-vmro 11 copy copy copy

СДС кога нема аргументи фрлаат лаги

Прес-конференцијата на СДС е уште еден доказ дека оваа партија, кога нема што да понуди како политика, визија или резултат, се враќа на старите, веќе излитени методи – ширење лаги, манипулации и намерно замајување на јавноста.

СДС повторно „растура пердуви“, обидувајќи се со наративи без докази да создаде привид на некаква поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ и одредени фирми. 

Иронијата е огромна. Токму СДС зборува за тендери и јавни набавки, партија под чие владеење зборовите „тендер“ и „набавка“ беа синоним за криминал, корупција и семејни бизнис-зделки.

Во нивно време, по „дифолт“, милионските договори завршуваа кај фирми поврзани со семејствата на Заев и Филипче. Тогаш немаше транспарентност, немаше отчетност, имаше само партиска држава и приватни интереси.

Денес, ситуацијата е сосема поинаква. Сите тендери и јавни набавки се спроведуваат согласно закон, јавно, транспарентно и под лупа на институциите. Нема скриени договори, нема фаворизирање, нема тајни анекси. И токму тоа најмногу ги боли во СДС – што повеќе немаат контрола врз системот што го злоупотребуваа со години.

Затоа јавно ги прашуваме:

-Дали во оваа држава човек нема право да има фирма или бизнис?


-Дали е забрането да учествува на тендер или јавна набавка ако ги исполнува сите законски услови?


-И конечно, дали некој треба да биде дискриминиран затоа што е член или симпатизер на политичка партија?

Ако СДС навистина се сомнева во криминал или корупција, нека престане со прес-конференции и политички театар. Нека се јават кај „нивните“ обвинители и судии – оние кои ги поставуваа и штитеа со години. Сигурни сме дека веднаш ќе им помогнат, како и досега.

Но ако немаат докази, ако нема криминал, ако сè е чисто и законски – тогаш должни се јавно да се извинат за ширењето лаги и невистини. Затоа што Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиски манипулации и очајни обиди за политичко преживување.

Времето на лагите помина. Јавноста гледа, памети и суди.