Среда, 14 Јули 2021    Печати
Народни песни од Порече

poreceПесни запишани од Наум Ј. Ристески.

 

 

 

 

 

Извор вода извираше,
малој моме налеваше,
и со вода зборуваше:

 

- Ори водо, бистра водо,
што сум бело и црвено,
уште да сум црнооко,
би ме зело цареоно,
цареоно арнатарче;
дење, ноќе, азно броит,
на утро ми на лов одит,
на лов одит, пред двор врвит,
и по мене подвикујет:
- Ој девојче, добро моје,
ај излези на чардаче,
да ти вида бело лице,
дали веѓи оцрнеле,
дали усте подгорело?
Девојчица му велеше:
- Врви лудо, ти не викај,
ја сум било на клаенец,
над вода се погледало,
ја за тебе не прилича!
*
Излегов да се прошета
низ таа пуста Битола,
нив Еврејското маало,
што видов едно девојче,
едно девојче Еврејче,
руса си коса чешлаше,
и ја му реков, пак реков:
- Оре, деојче, Еврејче,
не чешлај коса в недела,
туку чешлај ја в сабота,
в сабота празник еврејски,
в недела празник рисјански,
во црква служба се служит.
*
По друм врват, сејменине,
по друм врват, лаф си чинат:
-Ќа одиме во Ижишта,
во Ижишта кај Никола,
да видиме Величето,
дали носит гаќи поли,
гаќи поли чинтијани,
чинтијани и елече,
и елече со петлици,
дали носит и кондури,
и кондури со цвеќиња.
*
Извикнал Стојан подвикнал,
оданде Кала Марија,
зад бегоана корија:
- Жали ме мајко, плачи ме,
оти ме Турци пленија!
-Жалам те, синко, плачам те,
дури да гламна рашумит,
корија да се учинит,
ергени шума да сечат,
деојки шума да влечат,
лисници да и напраат.
*
Девојче, девојче – гранче јоргованче,
гранче јоргованче – црвено јаболче,
црвено јаболче – грутка шеќероа,
грутка шеќероа – киска босилкоа,
киска босилкоа, не стој спроти мене,
не стој спроти мене, изгорев за тебе.
- Гори лудо гори, и ја така гора,
како лен за вода, босилек за сенка.
Песни запишани од Ристо Апостолоски.

Шетат лудо низ горица зелена,
тутун пијет со сребрена цигара,
немат лудо с кого да с разговарат,
коња јаше с коња се разговарат:
- Думај коњу, оба да си думаме,
кај што бевме синоќ вечер на конак,
тук имаше три девојки убаји.
Постарата не беше толку убава,
посредњата – сопаши сабја љуби ја!
Најмалата – продај си коња, земи ја.
*
Ој Коцано, девојко,
каде ти је татко ти?
- Ој, Тодоре, терзијо,
татко ми је во гора,
да ми берет шума,
да ми ранит буби,
да ми вијат свила,
ќе си везам марама,
ќе даруам сватоји.
*
- Отвори ми, моме,
добро, постели ми!
- Лудо море лудо,
не ти отворуам,
не ти постелуам,
синоќа си дојде,
од Будима града,
ти не ми донесе,
једен мален бакшиш,
једен калап сапун,
бело да с еперам,
бело да ти одам.
*
Излегов да се прошетам,
низ лозје, низ бело грозје.
Там најдов мало девојче,
на бел си камен седеше,
бело си грозје зобаше.
- Девојче, бело фустанче,
изгорев моме за вода,
кај имат вода студена?
- Деј гиди лудо и младо,
там долу, долу под село,
во ливаѓено косени,
тук има чешма шарена,
изми се, лудо, напи се,
и вамо долу донеси.
Од книгата „Македонски народни песни од Порече“ од Татјана Каличанин, Скопје 2006.
(Подготви Марко Китевски)