Среда, 20 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Дома во Македонија

Pero_Damcevski_Kocin-Sidnej
Перо Дамчевски Коцин, Сиднеј

Ќе дојдам во час накитен
на убав ден на Илинден
татковината да ја видам
да видам се уште ли има
бледи сенки и лузни
на одминато време
да стивне тагата
што тлее во мене

Ќе дојдам во Охрид и Свети Наум
езерото бисер да го видам
и во Струга на Миладиновци
песнава да ја отпејам
и Дојран и...
и Битола Бабан
по Широксокак да минам

Ќе дојдам ќе се вивнам под облаци
да ѕирнам уште ли е распукана Шара
и Лешок манастирот ќе побарам
историја наша стара
и Карпалак македонска пресна рана
што тиранин мајка бара
во земјата наша родна
македонска древна стара

Ќе дојдам во Крушево славно
на Мечкин Камен вишен еден
и го запрашам Питу
уште ли е горд  
и уште ли Република ни чуваи
и после овој страм голем
што ни се случува

Ќе дојдам во Прилеп
во градот херој во алејата
на најхрабрите на најумните на најмилите
да застанам пред Могилата на хероите
на непобедените на вечните на моите
кои скрито и немо ѕиркаат
низ срамот на новото време
и бледото сивило на заборавот

Ќе дојдам ќе се искачам
до Лопушник таму горе
и го ислушам уште еднаш
борбениот крик на Рацина
пронижан од злобници наши
кој се уште провејува како проклетие
како немирен бран таму по врвиците
и тихиот ветар по Караорман

Ќе дојдам ќе прелетам
до Пиринот буен вечен
в Неврикопско да влезам
и Роженски манастир да посетам
вечно легло на Сандански
пиринскиот цар
свеќа да палам за покој негов
за Војводи смели помен вечен дар

Ќе дојдам ќе се вратам
ДОМА таму во Македонија
ќе се спуштам по Вардарот бурен силен
до нашето бело море и вечната Пела
да го видам Солун и Кулата Бела
да го вдишам на Гемиџиите духот
што го тресеа Балканот и Европа цела

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.