Среда, 30 Јануари 2013    Печати
ДИЈАЛЕКТИКАТА Е НЕШТО ДРУГО

На Гоце Делчев

Освен за честа на слободата
на Татковината
и на твојот народ,
ти не пронајде друг начин
за својата погибел!

Непокорот ти беше твој егзил
како и бунтот
на Гемиџиите
со атентати да се испрати
отворено писмо до светот.

А него, тој бел свет,
таа бела дуња,
ги замислуваше
како поле за културен натпревар
меѓу народите!

Сонуваше, војводо!
Сонуваше убав сон
на патувачки гласник
за идеална историја
на светот!

Не се предадовме но не предадоа,
се боревме за слобода
но и еден со друг
како Јуда
брат брата предававме...

Колку да не сме надвор
од дијалектиката на генот,
од биографијата
која со векови
сами си ја пишуваме!

А дијалектиката е нешто друго,
таа е составена од крвави походи
за верба на народот во Бога
и сонот на нашите комшии:
„Смрт, а не слобода“ за Македонците!

12. 01. 2013 г.
Панде  Манојлов