Среда, 09 Септември 2020    Печати
Татковина

tatkovina

Во времиња тешки  и бурни
Под ропства и немири
Ти земјо се издржа и ко феникс се издигна.
Ти овде си, ти постоиш,  ти земја си
Ти мајка си, ти песна си над песните
Ти срце  разигруваш и душата ја грееш.

Со магична убавина, ко со рака недопрена
Во тебе и  небото најсино е
И  сонцето најсветло е,
Во невреме и во  тага, под овој  вечен свод,
Неуништив е  македонскиот  род.

Во песни опеана низ времиња бурни
Земја страдалница,
Земја на Александар, Питу и Делчев
Земја на Карев, Сандански, Ченто
Мајка над мајките, ѕвезда над ѕвездите
Кон нова светлина и хоризонти не вика и мами.
И денес пред предизвик нов си,
Но земјо света наша, не давај твоето име да го збришат
Не давај заветот на  дедовците да згасне.

Тој глас  од минато едно, вика и моли:
Чувај ја синко  земјата своја,
Чувај го јазикот наш македонски
Ти доволно даде, ти доволно страдаше
Воздигни се одново  сега
Од вистината никој нема да избега.
Не, ние не сме сами
Ти постоиш, ти овде си, ти земја си
Ти мајка си, наша Македонија
Наша татковина!


gordana_dimovska_copy_copy
Гордана Димовска
Мелбурн, Австралија