Среда, 02 Ноември 2022    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : МИТЕ БОГОЕВСКИ

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ : МИТЕ БОГОЕВСКИ

И по најтесните врвици на историјата

поетот херој доаѓа до збор

и со својот сакан народ

откако ја открил смислата на непокорот

 

Тој не се плаши од истреланите куршуми

туку од истреланите зборови

кои светкаат како молњи и брановидно грмат   

градејќи во недоглед мостови

по кои минуваат неправдите

за да ја убијат љубовта  спрема татковината

 

Поетот

истовремено е патник со времето

штом со него ја носи куќата на родниот крај

во стихови пресликана

за подалеку да ја видат во јавето и во ноќта

кадарен

со сегашноста идеи да  размножува

во одбрана на иднината за својата земја

 

Поетот

не се збогувал со боговите

ниту со животот

а знае што е повечно

остатокот од неговиот живот да живее во нас

та и посмртно да е даруван со почит.