Среда, 31 Август 2022    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : ВАПЦАРОВ

1Savo

САВО КОСТАДИНОВСКИ : ВАПЦАРОВ

И од песните беспоговорно 

одекнува твојот глас

со ехо кое вечно се слуша

и живее во нашите будни соништа

 

Поетите

кога тие не пеат

поречовита им е судбината на животот

тогаш тие брануваат до недобол

со нивниот достиж

восхитено, и повозвишени  се

со гордост над татковината

 

Иднината ја позела

твојата слава Вапцаре

штом со смртта си оставил лузна и на сонцето

кое слободарско блешти

над македонскиот народ

 

Херојство е тоа

со смелоста среде  историјата досеглив да си

и колку да се живеело во мрачно време

не дозволуваме од твојата јаркост

ниту зрак да згасне 

во која ја гледаме светлината на непокорот.