Среда, 10 Август 2022    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : ГОЦЕ

1Savo САВО КОСТАДИНОВСКИ : ГОЦЕ

- Повод 150-годишнината

од раѓањето на Гоце Делчев -

Гоце е неделиво име

во срцето на секој Македонец

што живее со мислата на непокорот

во денот на будноста

што не може да се размакедончи

Мислата на Гоце е нашиот патоказ

кој во недоодица нè води

заедно со сонцето по македонското небо

кога веќе Гоце

со животот најоплакан е, а со смртта најопеан

песни, со кои народот

ја околчил Македонија со балканските граници

Воину,

доблесни родољуби ти имаш

кои нема да се одродат од твојот сон

и колку да ни е поплочен патот

со напластени судбини

ние

со семакедонска гордост ќе делчевствуваме

македонствуваме

за да опстојуваме.