Среда, 03 Август 2022    Печати
Оливера Јовановска : ВО ЧЕСТ НА КОМИТИТЕ

123ko123 

Оливера Јовановска

Слушнете деца мој дедо да ви раскаже

Никој, никој, да не ве лаже,

Ние сме Македонци на Александар потомци,

На Гоце и Даме правнуци

Егејци, Пиринци, Вардарци сите сме Македонци.

Чувајте ја оваа земја исконска

Парчена, палена од тирани газена

Но никогаш не покорена

Оваа земја исконска од Бога благословена.

 

Сите да сме збрани повеќе од лани

Смело гласно да кажеме,

Ние сме македонци на Александар потомци,

На Гоце и Даме правнуци

Егејци, Пиринци, Вардарци сите сме Македонци.

Чувајте ја оваа земја исконска

Парчена, палена од тирани газена

Но никогаш не покорена

Оваа земја исконска од Бога благословена.

Вечна да е Македонија!!!