Среда, 02 Јуни 2021    Печати
КАКО И КОГА ЈА НАПИШАВ ПЕСНАТА ПОСВЕТЕНА НА БЛАГА ПЕТРЕСКА

1blag1 1

Во минатиот век, во Австралија, најпрво од Македонија доаѓаа музички интерпретатори од најстарата генерација, па потоа почнаа да доаѓаат од средната генерација и во последно време најредовна и најбројна е најмладата генерација. Една мошне омилена песнопејка од средната генерација беше и Блага Петреска.

Таа беше солистка која својата кариера ја започна најпрво со забавни мелоди, за подоцна да премине и на народни песни. Поради таквата музичка комбинација, таа стана омилена во македонската музичка естрада. Нејзиниот жив темперамент на сцената влеваше љубов и занес кај гледачите во полниот гледалачки аудоториум, ки ќе побрзаат за да го прифатат нејзиниот мелост и мешкотен стас. Од таквиот солистички настап, покрај темата на песната, требаше да задоволува и изведбата на солистот. А Блага беше мошне жива и бунтовна солистка. Па поради тоа покрај револтот од текстот на песните кои беа напишани кон татковинската неправда или мотивот кон љубовната песничка романтика, таа лудуваше на сценскиот подиум. Нејзе не и пречеше ништо за да се растрча весело по коридорите и да стигне во метежот на бројната распеана публика, пред која исцрпно ќе го искажеше својот музички квалитет.   

1blag1 3

На еден од честите нејзини концерти кои се одржуваше во Гратската куќа во Рогдаел, а рекламиран беше под слоганот Турнеја – 84 „Да ни живее наша Македонија“, на кој покрај Блага учествуваше и солистот Јанко Узунов. На концертот бев со сопругата, со ќерка ми Билјана и со повеќе наши пријатели. Просторијата едвај ги прибра сите присутни на концертот. Јас омаен од атмосферата, поготово од песните и изведбите на Блага Петреска, го зедов пенкалото и почнав потајум нешто во блокчето да си чкрткарам. Сопругата на два пати ме опомена дека сум дошол на концерт, а не да се занесувам со некакви прибирања на забелеши за пренесување во мојата Афтобиографска книга. За време одморот им пријдовме за да се поздравиме со пеачите и да се фотографираме. Ете, тој момент јас го искористив за да и го дадам на Блага ливчето на кое беше набрзина напишана песнава, посветена лично за неа. Па така во вториот дел од програмата, во еден момент, го отвори ливчето и торжествено го најави името мое, кој, како што рече е прв поет кој ми напишал песна. Песната ја прочита, дојде каде што седевме и честитајќи ми топло ме прегрна. Салата загрми од бурни извици и ракоплескања. Од тој ден станавме многу блиски пријатели. Песната беше објавена во весникот „Македонија“ од Мелбурн, во списанието „Повод“ дело на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и во една моја поетска збирка.

А другата приказна за песната е следнава: На 4-та Конференција организирана од Обединета Македонска дијаспора,а која се одржа на 23 – 25 јуни 2011 година во хотел Мариот во Вашингтон, а на која покрај нас осуммина од Австралија, присуствуваа активисти од целиот свет. Па така на вториот ден од програмата покрај бројните учесници настапивме и ние со Виктор Бивел од Сиднеј. По нашето излагање ни беа доделени и признанија за животно дело, а нив ни ги врачија поранешната амбасадорка на Република Македонија во САД,  Љубица Ачковска и потпретседателот на ОМД Александар Митрески. При нашето пристигнување во Вашингтон јас им подарив 50 мои и книги од колегите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на Одборот на ОМД кои веднаш ги поставија на штендот за продажба, а преостанатите 20 книги како подарок за Амбасадата на РМ и ги дадов на амбасадорката Љубица Ачковска. А кога стигна таа да ги прелиста незнам, но веднаш по излагањето на мојот извештај ми подаде копија од песната посветена на Блага Петреска и ме замоли пред присутните неа за да ја прочитам. Јас љубезно и се извинив со образложение дека програмата е набиена и не ќе можам толку долго да чекам на ред зад миктофонот. Ете тоа е причината што дури сега, точно после десет години од настанот, повторно сакам да и се извинам, но за возврат песната да ја објавам во некој од македонските весници. Љубица, прости, ве сакам подеднакво со Блага, вие сте и ќе останете вечно мои драги пријателки.

1blag1 2

На Блага Петреска

ТУРНЕЈА – 84

ДА НИ ЖИВЕЕ НАША МАКЕДОНИЈА

Од љубов си посилна

од оган пожешка

од грмеж погласна

го сееш својот глас

по татковината,

а почесто и низ далечината

за в песни да броди

војводи да буди

и знамиња да развејува.

           Ти надвикуваш се

           надигруваш

           надвљубуваш

           в морник човек претворуваш.

Тебе на размешканиот стас

и на распламтениот глас

наместо каранфил –

песна ти подарувам.

Иван ТРПОСКИ