Среда, 26 Мај 2021    Печати
САВО КОСТАДИНОВСКИ : КОРИФЕЈ

1Savo

САВО КОСТАДИНОВСКИ  : КОРИФЕЈ

(Посветена на Блаже Конески, првиот претседател на Друштвото на македонските писатели)

За навек

поздравено ќе е

семејството

на првите македонски писатели

и нивниот прв претседател

во времето

кога со зборовите

со тврдост на камен

ги поставиле темелите

за да се дооформи смисолот

на нашето постоење.

Време

на кое многу времиња на иднината

ќе му се оѕвиваат

затоа што тоа време

засекогаш ќе има

широко отворени хоризонти

со поглед кон бескрајот -

та секој македонски писател

кој зачекорил по патот

поплочен со мајчини зборови

него го води

по сите патишта по светот.

Тоа е бродот

на чиј јарбол се вее

нашето книжевно послание.