Среда, 22 Јули 2020    Печати
Васил Маневски: ЛЕТНА САГА

105607Васил Маневски

ЛЕТНА САГА

Одамна имав желба и мерак голем,

Да се прошетам по Пијанечкото поле.

Ме збуни и натажи гледката жална,

Одвај поминав по патеката кална.

Ме растажија плодните ниви отревени

Вадите неогребани, со бурјан посеани.

Тревата бујна, штотуку обросена,

Во лиивада со детелина неокосена.

Не сретнав ни пастир со стадо бело,

Не си го препознавам родното село.

Приседнав под едно големо орево дрво,

Се присетив кога учев во одделние прво.

Кога имавме страв и почит кон постарите,

Кога лете ги пасевме кравите со другарите,

Кога игравме фудбал на мали голови,

Кога се бањавме во брегалничките ѓолови.

Се растажив, заплакав, ми стана криво,

Во селото мое веќе, како да нема живот.

Се враќам, ја влечкам папсаната снага,

Да ја забележам доживеаната летна сага.

(Од стихозбирката АМАНЕТ)