Среда, 04 Септември 2019    Печати
ЛАГА, КРАЖБА И ПРОДАЖБА

VasilВасил МАНЕВСКИ

ЛАГА, КРАЖБА И ПРОДАЖБА

Некој постојано лаже и краде
Ги продава симболите стари златно-жолти
Ненаситен апетит има, живи луѓе јаде
Постојано нешто ветува, никако да го даде.

О, трговци неразбрани, алчни и дрски
Нема да ве спасат ни европските врски
Трпението е при крај, народот веќе се крена
Бара да ви се суди, бара ваша смена.

Дрскост голема, ни чест ни образ да се нема
На свој народ минато се краде, иднина се зема.
Соседите источни и јужни ни на сон не сонија
Дека толку лесно ќа ја разнебитат Македонија.

Народот на сите праведно ќе им суди
Им дава и шанса: покајание им нуди
На мегдан мора да излезе вистината
Тоа е долгот наш кон татковината.