Среда, 10 Февруари 2010    Печати
Земја
Таа земја
сега што ја чекорам
таа земја
в пролет што ја буди југот
таа земјa
своја не ја знам
таа земја
простете е туѓа!
Рано тргам
по фабрички друм.
Безброј рубашки
се тискаат
се ројат.
Слеани сме со раце
со ум
но земјава… сепак не е моја!
Над мојата земја
в пролет сјај се плиска
водопади грмат
од сонце набликнато.
Ја сеќаваш в срце
ти неа за блиска
и гледаш кај скокум
безброј цвеќа никнат.
Над мојата земја
до небото Пирин се крева.
Боровите в бура
илинденски приказни пеат.
Над Охрид модрината
во просторот се слева
а подолу уште
на Егејот далги се леат.
Сал ќе си спомнам
и крвта в миг ќе сјури
вo срцето
кое се топи во спомени нежни.
Мој роден крај! Крај личен.
Лулан в бури
поен со крв
среде витлавици мрежни.


Никола Јонков Вапцаров
Софија, 1938