Среда, 10 Јуни 2020    Печати
Клети да се проклети

Клети да се проклети
твоите земјо предавници.
Клети да се проклети
твоите мајко изроди.

Од нив земјо не можеш
глава гордо да кренеш.
Кога глава ќе кренеш
тешки рани здобиваш.

Клети да се проклети
Господ да ги убие
тие што се готови
тебе да те прекрстат
твоето свето име
за век да го променат.

Имаш ли свои земјо синови,
синови храбри јунаци,
јунаци горди Македонци,
какалот да го исчистат
од твоите родни полиња. 

zoran-petrov
Зоран Петров

Објавено лето Господово 1998, издание бр.2 во информативно-политичко гласило на ВМРО-ДПМНЕ ОК Неготино.