Среда, 06 Јануари 2016    Печати
Ти света мајко

Колку ли чини лагата,
колкава е тагата повторувана со векови,
откината од душата со клевети,
предадена на чуждинци.
Од огништата нивни ги откинале од мајка Македонија ги однеле,
ги поделиле,
ги разделиле.
Децата ги растеле во мрачнини,
житата зрееле со горчини.
Водите студени, отровни им биле .
Сонцето не ги греело исто,
лебот не им бил сладок како тој дома.
Од тага, од жалови за една вистина.
Ти проклета лаго.
Ги откина дел по дел од мајчината утроба.
Разнесени и парчосани чедата твои со рана на душата ги напушти огништата свои.
Кај знаеле и умееле се разделиле по светот избркани од најсветото, од домот.
Ој,мајко пресвета што ти остана, колку ти остана.
Колку свои деца изгуби.
Парче по парче делена од душманот ненаситен,непризнаена.
Предавана, жртвувана раскрвавена,
ти никогаш не си паднала на колена. 

violeta-petkovska
ВИОЛЕТА ПЕТКОВСКА