| Среда, 01 Октомври 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Григор Манасиев
|
| 
Григор Манасиев (? – 25. IX 1903) е македонски просветен деец и револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Манасиев бил назначен за кратовски окружен војвода. На 25 септември, во близина на кратовското село Луково во битка со 7.000 турски аскер и башибозук Григор Манасиев бил тешко ранет и извршил самоубиство.
Григор Манасиев е роден во градот Кратово. Дипломирал на Ќустендилското педагошко училиште, каде што бил член на Македонското младинско друштво. Подоцна станал учител во Кратово.
Тој се приклучил на Македонската револуционерна организација и го предводел Кратовскиот околиски револуционерен комитет. Активно учествувал во одржувањето на револуционерниот канал Ќустендил - Македонија.
Во 1897 година, по Виничката афера за транспорт на нелегална литература, бил уапсен од отоманските власти и сурово мачен. Бил во приштинскиот затвор до 1901 година. По ослободувањето од затвор, повторно станал учител во Кратово.
Во 1903 година, во Софија, заедно со Иван Топчев од Велес, организирале и предводеле чета, која на почетокот на септември заминала за Македонија заедно со четата на Никола Дечев и четата на Атанас Мурџев и Тома Пожарлиев. Манасиев бил назначен за кратовски окружен војвода.
На 25 септември, трите чети кои броеле 152 лица, биле опколени во близина на кратовското село Луково од 7.000 турски аскер и башибозук. По 10-часовна битка, четите се повлекле, но војводите Иван Топчев и Никола Дечев биле убиени. Григор Манасиев бил тешко ранет и извршил самоубиство.

Подготвил:Т.К. |
|
| Среда, 24 Септември 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Зафир Ѓорчев Белев
|
| 
Зафир Ѓорчев Белев (1845 – 1907) е македонски деец и преродбеник, учесник во Охридскиот заговор и автор на автобиографски запис на македонски јазик со грчкото писмо „Запис за таксиратот и маката“.
|
|
| 
Киро Кипроски е еден навистина редок и голем новинар, можеби еден од најголемите мерено по опусот што го остави, по 57 години што ги делеше со оваа професија, по љубовта и посветеноста кон неа, по ангажираноста што ја покажуваше и одговорноста што ја носеше. Кипровски е еден од ретките што не пропушташе ден да не следи настан и да нема текст. Неговото име и неговиот ангажман покажуваат како од мало место како што е Гостивар може да израсне во голем новинар, плоден и препознатлив автор.
|
|
| 
Железниот Стефан Анастасов Ролев ( Stefan Rolev ), бил роден во 1865 година во селото Екши-су (Горно Врбени ) Леринско, Беломорскиот дел од Македонија.
|
|
| Среда, 03 Септември 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Андрејаш
|
| 
Андреја (Андрејаш (? – 1395) е вториот син на кралот Волкашин и брат на кралот Марко, млад крал по смртта на татка си во 1371 година. Ја управувал територијата по долината на реката Треска и области во Поречје Кичевско. Водел одвоени финансии од кралот Марко, ковал монети и издавал повелби. Тој е ктитор на манастирот „Свети Андреја“ (1388/89) во Матка на реката Треска кај Скопје. Во 1394 година, заедно со брат му Димитар ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд.
|
|
| Среда, 27 Август 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Тодор Арсов
|
| 
Тодор Арсов (12. IX 1919 - 21. V 1943) е македонски партизан, комунистички деец, организатор и борец на НОБ. Бил назначен за политички комесар на Штабот на Четвртата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Загинал во судир со бугарската војска и полиција како политички комесар на Вториот плачковички (штипски) НОПО „Гоце Делчев“.
|
|
| Среда, 20 Август 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Лазар Соколов
|
| 
Лазар Соколов (18. III 1914 - 3. I 1984) е македонски национален деец, економист и университетски професор. Бил еден од водачите на македонското студентско движење, секретар на Културно-просветното друштво “Вардар“ во Загреб и активист на МАНАПО (1936 - 1938). Во времето на НОАВМ бил член на КПЈ (1941), на АНОК (од есента 1943), на Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ (од април 1944) и член на Иницијативниот одбор за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ. Бил избран за член на Президиумот на АСНОМ и за член на АВНОЈ, а потоа и претседател на Привременото народно собрание на ДФЈ.
|
|
| Среда, 13 Август 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Иван Георгиев
|
| 
Иван Георгиев (17. I 1862 - 13. VIII 1936) е македонски научник, филозоф, просветен работник, академик на Бугарската академија на науките. Бил член на ВМК и на Македонскиот научен институт и претседател на Добротворниот сојуз. Преведувал од француски и од германски јазик на бугарски.
|
|
| Среда, 06 Август 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Спиро Олчев
|
| 
Спиро Олчев (25. XII 1870 – 23 IV 1954) е македонски револуционер и книжар, деец на Македонската револуционерна организација и ресенски војвода. За време на Илинденското востание, бил војвода на Дрменската чета, со која учествувал во повеќе борби.
|
|
| Среда, 30 Јули 2025 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Славчо Стојменски
|
| 
Славчо Стојменски (25. XI 1921 - 16. VIII 1943) е македонски национален деец и народен херој. Илегално патувал низ Источна Македонија и работел на организирање на Народноослободителното движење. При блокада на бугарската полиција бил тешко ранет и подлегнал на повредите во Штипската болница. Со указ на претседателот на ФНР Југославија, Јосип Броз Тито, на 11 октомври 1953 година, тој е прогласен за народен херој.
|
|
|
|