Среда, 07 Декември 2011    PDF Печати Е-пошта
Милтон Манаки

milton-manakiМанаки Милтон (с. Авдела, Костурско, 1882 - Битола, 5. III 1964), прв филмски снимател на Балканот, македонски фотограф и автор на документарни филмови. Пионер на снимателската дејност во Македонија. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со постариот брат Јанаки, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал „Браќа Манаки“.

Милтон Манаки е роден во 1882 година, во малото село Авдела, во близина на градот Гравена (Костурско), во влашко (арумунско) имотно семејство. Родителите се занимаваат со сточарство, како и со финансиски трансакции (кредитирање), што ќе го зголеми нивното богаство и ќе допринесе за нивниот лагоден живот.

По завршувањето на основното училиште во родното место Авдела, Милтон се запишува во Романската гимназија во Јанина. Меѓутоа, младиот и темпераментен Милтон не покажува некој посебен интерес кон учењето и ја напушта гимназијата со незавршен втор клас. Родителите го испраќаат во Гревена да учи занает, но и таму не покажува некој посебен  интерес. Добрата материјална положба во семејството, му овозможува на младиот Милтон времето да го поминува играјќи табла и со коњите кон кои негува посебна љубов.

Во 1898 година, неговиот брат Јанаки отвара фотографско атеље во Јанина и почнува професионално да се занимава со фотографија. Бидејќи истовремено работи и како професор во Романската гимназија, Јанаки го повикува помалиот брат Милтон, за да му помага во фотографското атеље. Набргу по доаѓањето, Милтон ја заменува својата љубов кон коњите и таблата, со љубовта кон фотографскиот занает. Тој ја изучува фотографската вештина и за кратко време и станува мајстор. Покрај усовршувањето на уметничката фотографија, Милтон со својот брат ги бележи историските настани кои во тоа време се редат како на филмска лента.

Се повеќе се смета дека дел од серијата илустрации во романскиот весник „Универзум“ (Iniversul), од кои повеќето се репродукции направени според фотографии посветени на настаните за време на Илинденското востание, се направени од Милтон и неговиот постар брат Јанаки. Потврдувањето на нивното авторство, посочува дека тие биле истовремено и првите воени репортери или пак само први воени фотографи од Македонија.

Откако во 1904 година андартите го запалиле нивното родно село Авдела, браќата Милтон и Јанаки заминуваат во Битола. Тие купуваат празно дворно место на Широк-Сокак, каде градат атеље според сопствен проект, што ќе им овозможи непречено продолжување на фотографската дејност. Во 1905 година, браќата Манаки се преселуваат во Битола и отвараат фотографско атеље. Студиото го регистрираат како здружени сопственици, под името „Атеље за уметничка фотографија“, за разлика од Јанина каде тоа се водело само на Јанаки.

Во овој период Битола е важен политички, економски и културен центар на Балканот. Милтон и Јанаки со фотоапаратот ги регистрираат историските настани а напоредно ја усовршуваат уметноста на фотографијата. Тоа и на двајцата ќе им донесе меѓународни признанија. Во 1906 година браќата учествуваат на Големата меѓународна изложба во Букурешт, од каде се враќаат со Златни медали и со титули  на Дворски фотографи на кралот на Романија Карол I. При посетата на летната резиденција на романскиот крал во Синаја, тие биле назначени за официјални фотографи на кралското семејство и направиле фотографии на кралот Карл I и кралицата Елизабета.

При посетата на Лондон, Јанаки Манаки го купува тристотиот примерок од серијата „Биоскоп", произведен од компанијата “Charles Urban Trading”. Оваа фамозна „камера 300“ која Јанаки ја испраќа на брат му Милтон. во рацете на младиот вљубеник на фотографијата, се претвора во инструмент со историско значење. Од тој момент започнува историјата на балканската кинематографија.

Под водство на постариот брат, кој е ликовно образован и кој се грижи за уметничките естетските вредности на нивните дела, Милтон Манаки снима на терен и во атељето или пак ги обработува фотографиите. Првите подвижни слики, браќата Манаки ги прават во родното село Авдела. Тие ја овековечуваат нивната 114 годишна баба, Деспина, како ткае заедно со други ткаачки од селото. Со овој документарен филм, браќата го започнуваат огромниот богат кинематографски опус, кој е сведоштво на своето време.

Од нивната богата и плодотворна работа се зачувани повеќе материјали меѓу кои треба да се спомнат: „Влашкото училиште во Адела“ или „Училиште на отворено’ (1905), „Прославата на Ѓурѓовден“, „Македонски ора“, „Влашка свадба“, „Македонска свадба во Битолско“, „Репресии врз македонското население во Битола“, „Прослава на Св. Кирил и Методиј“ (1905-1908), „Панаѓур кај Св. Недела во Битола и на други места“ (1907), „Бесењето на Илинденци“(1908), „Посетата на султанот Мехмед Решад Петти во Солун и во Битола“ (1911), „Романскиот министер Истрате ги посетува Битола, Гопеш и Рсен“, „Посета на принцот Александар во Битола“ и др.

Во филмовите: Решад V во Солун и во Битола во 1911 година и Александар Караѓорѓевиќ во Битола во 1913 година се претставува како познавач на жанровата структура на репортажата, чии страници се важечки и за современиот документарен филм. Мошне атрактивни по својата содржина и иконографска вредност се сцените од монденските средби на дипломатскиот кор во Битола, но и глетките на погубувањето на македонските комити и патриоти.

Во 1921 година, браќата Милтон и Јанаки го отвораат првото летно кино „Манаки“ на Широк Сокак (битолското корзо), а на 26 август тие го прикажуваат првиот филм под отворено небо. Летното кино било времено решение, кое ни ги задоволувало потребите на браќата Манаки. Подоцна тие ќе изградат нова зграда во која првата кинопретстава ќе се одржи на 1 декември 1923 година. Киното работи со променлив успех и менува неколку сопственици, за да изгори до темел во 1939 година.

По преселувањето на неговиот брат Јанаки за Солун во 1935 година, Милтон продолжува да работи самостојно. Други позначајни дела во неговиот самостојен опус, се бомбардирањето на Битола во 1940 година, повлекувањето на окупаторските единици од Битола и влегувањето во градот на Седмата македонска ослободителна бригада во 1944 година. Манаки го регистрира со својата „камера 300“ и  доаѓањето на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито, при неговата прва посета на градот во 1963 година, како и други настани во Ботола и пошироката околина.

Милтон Манаки живее и работи времето на бурните историски настани на Балканот. Тоа е времето на Илинденското востание, Младотурската револуција, двете балканските и светски војни. Во текот на овој период, покрај споменатите филмови, Милтон снимил голем број фотографии врзани за актуелните настани, историски личности, обичаи, со што неговата колекција на фотографии и снимки има голема историска вредност. Тие се од посебно значење за балканската и светската кинематографија и се дел од светската филмска ризница.

Во овие судбоносни денови од национална историја на македонскиот народ, Милтон Манаки умеел да го почувствува историскиот миг и потребата да се сочуваат непроценливите документи за животот на Битола, неговата околина, но и на Македонија. Зачувани се околу 100 краткометражни филмски записи и репортажи со околу 1.600 м. филмска лента од 35 мм, 18.513 фотонегативи и 17.854 фотографии.

Милтон Манаки кој снимил најголем дел зачуваниот материјал имал фактографски приод кон реалноста. Отука овие фотографски и филмски записи имаат посебна историска вредност за Македонија. На нив можат да се видат значајни историски личности, македонски револуционери и дружини, драматични фрагменти од репресиите што отоманските власти ги вршеле врз македонското голорако население. Потоа тука се фотографски и филмски записи од дипломатскиот кор во Битола, кралеви, државници и министри на влади, воени команданти, записи направени во времето на Младотурската револуција, како и импресивни фотографии од Балканските војни, Првата и Втората светска војна, но и записи направени по ослободувањето.

Неговата вештина и знаење која може да се види од изборот на снимените материјали, го истакнува значењето на првиот снимател на Балканот. Естетските вредности на снимениот материјал, на кои браќата посветувале посебно внимание, со тек на временото добива поширока историска димензија, не само за македонската туку и за светската кинематоградија.

Милтон Манаки беше пријатен и речит човек, кој раскажуваше прекрасни анегдоти од неговиот бурен живот поврзани со неговата работа. Тој знаеше долго време да им објаснува на муштериите или посетителите за секоја фотографија изложена во неговото студио на Широк-Сокак, во близина на некогашниот „Камен мост“.

Почита кон својот сограѓанин Милтон Манаки, граѓаните на Битола ја искажаа кога во огромен број го испракаа кон неговиот вечен дом. Милтон Манаки почина на 5 март 1964 година.

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.