Среда, 22 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Симеон Кавракиров

1kirj1

Симеон Кавракиров (16. XI 1889 – 14. VI  1934) е македонски револуционер, раководител на ВМРО(Об) и член на БКП (т.с.). Поради својата активност бил прогонуван и затворан од  властите. Во ВМРО(Об) бил секретар на Обласниот комитет за Бугарија од 1928 г. и раководител на III револуционерна област – Пиринскиот дел на  Македонија  од 1929 г. Во јуни 1932 г. бил киднапиран од политичките противници и, по долго измачување, бил убиен.

Симеон Кавракиров е роден на 16 ноември 1889 година во Солун, во семејство на Христо и Велика Кавракирови. Потекнува од богато семејство и ужива големо влијание и авторитет во македонските кругови. Татко му и сите членови на ова семејство биле активни дејци во ослободителната борба на македонскиот народ. Речиси целото семејство било посветено на образованието. Неговите браќа и сестри биле учители.

Се образувал во родниот град, а во 1919 година се преселил во Софија каде што студирал право на Софискиот универзитет. „Гледајќи ја сликата на страшните страдања на македонската емиграција, гледајќи ја политиката на грабеж и угнетување, како на балканските буржоаски влади, така и на целиот империјалистички свет кон Македонија - тоа не можело а да не влијае на неговата душа, на неговите сфаќања и како интелигентен човек негува прогресивен ум, прогресивни сфаќања, прогресивни идеи за ослободителната борба на македонскиот народ.“

Во 1920 година станал член на Бугарската комунистичка партика – тесни социјалисти (БКП – т.с.) и Емигрантскиот комунистички сојуз. Од 1924 година работел во Пловдив каде раководел со месниот комитет на БКП и воената организација. По провалата на организацијата во мај 1925 година бил уапсен и осуден на една година затвор. 

По решението на БКП, влегол во ВМРО (обединета) и од 1929 година бил секретар на Обласниот комитет на организацијата, а од 1929 година раководител на третата револуционерна област (Поринска Македонија). Под псевдонимот Павел работел на формирање на групи на ВМРО (об.) на територијата на Пиринска Македонија.

Симеон Кавракиров имал добар глас и пеел во хорот на блиската црква „Св. Света Септуагинта“, а како вработен во Народниот театар и во хорот на Операта.

Неговата акивност во Пиринскиот дел на Македонија, била спротивставена за делувањето на ВМРО на Ванчо Михајлов. На 8 јуни 1932 во Софија бил киднапиран од луѓе на ВМРО по наредба на Иван Михајлов и со автомобил бил однесен во непознат правец. По две години долго измачување, при обид за бегство бил убиен. Имал само 35 години кога умрел.

Симеон Кавракиров  починал на 14 јуни  1934 година во Семково, Рила, Бугарија.  Погребан е на Централните софиски гробишта.

 

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков ќе го организираат маратонот

Пари за партиски забави, нови автомобили за министрите и луксуз за власта има, ама за Охридски мар...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.