Среда, 15 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Алекса Демниевски – Бауман

09801 

Алекса Демниевски – Бауман

Алекса Демниевски (10. IX 1905 – 5. IX 1961) е македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и НОБ. Во 1928 година отишол во СССР, каде што го завршил Комунистичкиот универзитет. Во 1934 година бил мајор на Црвената армија и командант на бригада. Од 1936 до 1939 година учествувал во Шпанската граѓанска војна како командант на баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“ и на бригадата „Георги Димитров“ и двапати бил ранет. По поразот на Шпанската републиканска армија отпатувал во СССР. Во декември 1944 година се вратил во Југославија и бил поставен за командант на XV македонски корпус кој се борел на Сремскиот фронт. По Војната бил заменик-командант на V армија, командант на заднината на I армија, началник на Управата на Државниот секретаријат на Народната одбрана.

Алекса Демниевски е роден на 10 септември 1905 година во Велес. По основното образование, завршил четири класа гимназија. Но поради тешката финансиска состојба морал да го напушти училиштето и работел како чевларски работник. Во 1924 година се придружил на активностите на револуционерната младина, а во 1926 година станал член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ). Станал член и на Синдикалниот совет и секретар на кожарските работници.

Во средината на 1928 година заминал во Советскиот Сојуз, каде што до 1932 година студирал на Комунистичкиот универзитет на националните малцинства на Западот. До 1934 година извршувал различни културни и политички должности во Московскиот регион. Во 1934/35 година се стекнал со обука во Црвената армија. по што бил мајор, помошник политички комесар на артилериската дивизија на Црвената армија, како и командант на бригада.

Во септември 1936 година, со одлука на КПЈ, бил повикан да се врати во Југославија за да ја преземе функцијата секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Но по 20 дена чекање во Виена, откако бил провален каналот за префрлање било одлучено да замине во Шпанија, каде веќе траеше граѓанската војна. Таму стигнал на фронтот во Кордоба, на југот на Шпанија, каде најпрвин бил командант на баталјонот „Ѓуро Ѓаковиќ“. Во септември 1937 година бил унапреден во чин мајор на Шпанската републиканска армија, по што добил команда над Меѓународниот баталјон „Георги Димитров“. За време на војната бил ранет двапати .

За тоа време во Македонија беа пробиени голем број ќелии на КПЈ, поради што Јосип Броз, тогаш нов секретар на КПЈ, се трудеше да го доведе Демниевски на чело на ПК на КПЈ за Македонија. Меѓутоа тоа не беше постигнато, па Демниевски останал во Шпанија се до повлекувањето на Меѓународните бригади од војната. Во август 1938 година бил ранет на арагонскиот фронт и му била ампутирана ногата поради тежината на раната. Потоа бил префрлен во Париз, а оттаму во април 1939 година на лекување во Москва.

Почетокот на Втората светска војна во СССР во 1941 година, Демниевски го затекнала во Киргистан, на границата со Кина. Тој заземал разни политички и воени должности. По формиеањето на нставниот центар во Москва на 15 јуни 1944 година, тој бил назначен комесар. На оваа должност останува до крајот на 1944 година кога се вратил во Југославија.  

По враќањето во Југославија Демниевски, со псевдоним Бауман, на 1 јануари 1945 година, прво бил назначен за политички комесар, а потоа и за командант на Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ. Учествувал во борбите на Сремскиот фронт.

По војната извршувал многу должности во Југословенската народна армија (ЈНА): помошник командант на петтата армија, Командант на Првата армиска заднина, Раководител на Управата за вонредни работи на Државниот секретаријат за национална одбрана на ФНРЈ (ДСНО), Раководител на одделение на четврта управа на ДСНО.  Се пензионирал во 1958 година како генерал-полковник на ЈНА .

Алекса Демниевски  - Бауман починал на 5 септември 1961 година во Белград и бил погребан во Алејата на народните херои на Новите гробишта во Белград .

Носител е на високи југословенски одликувања, меѓу кои и Орден Партизанска ѕвезда од прв ред, Орден за заслуги за луѓе од прв ред, Орден за братство и единство од прв ред, Орден на народна армија од прв ред, Орден за воени заслуги и Орден за храброст.

 

На прво место

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.