Среда, 20 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
Димче Величковски - Еребица

1ereb1

Димче Јовчев Величковски (1907 – 17. Ⅹ 1941) е македонски комунистички деец и првоборец. Во 1924 година како столар станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на СКОЈ, а во 1925 година и член на МК на СКОЈ во Куманово. По Априлската војна во 1941 година и окупацијата на Југославија, станал борец на Козјачкиот НОПО (12-17. Ⅹ 1941). Димче кој бил познат под прекарот Барутана, го зел партизанско име Еребица, При разбивањето на Одредот од бугарската војска и полиција, бил заробен и при спроведувањето убиен.

Димче Јовчев Величковски е роден во 1907 година во Куманово во занаетчиско семејство. По занимање бил столарски работник. Во 1924 година станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ-, а веќе наредната 1925 година и член на Месниот комитет на СКОЈ во Куманово.

Во партиската провала извршена во 1929 година, заедно со други 14 активисти, членови на Комунистичката партија на Југославија во Куманово, Димче бил уапсен на отслужување на воениот рок во Крушевац и спроведен во Куманово. На судењето во Белград во јануари 1930 година Димче Величковски бил осуден на 7 години. Пресудата ја издржувал во Казнениот завод во Сремска Митровица заедно со поголема група истакнати македонски револуционери, каде што учествувал во 16-дневниот штрајк со глад. Таму бил близок со Моша Пијаде.

По излегувањето од затвор и враќањето во својот роден град, Димче Величковски пак продолжил со партиската активност, поради што во 1940 година, заедно со 20 други комунисти од Куманово, бил интерниран во Меѓуречје кај Ивањица.

По априлската војна и окупацијата Југославија во 1941 година, Димче Величковски се вратил во Куманово и бил еден од најактивните во подготовките за вооружена борба против фашистичкиот окупатор.  Кога во есента 1941 година излегоа првите кумановски партизански одреди (Карадачкиот и Козјачкиот), Димче станал борец на Козјачкиот Народноослободителен партизански одред (НОПО) (12 - 17. Ⅹ 1941).

Козјачкиот одред броел 25 борци, но за време на маршот, тешко се разболува командантот на одредот, кој бил оставен со придружба на лекување  во село Четирце.  Исто така, поради тешките услови одредот го напуштиле уште неколку борци, а останатите слабо вооружени продолжиле. На 15-ти октомври Одредот одржал митинг во селото М’гленце, а на 16-ти го нападнале манастирот Св. Прохор Пчински, од каде полицајците веќе биле избегани.

По предавство на селскиот кмет од Молотино, многубројна бугарската окупаторска војска и полиција го нападнала Одредот на 17 октомври 1941 година и по неколку часа неравноправна борба го разбила. Неколку македонски борци загинале, неколку се пробиле, а поголемиот дел биле заробени. Сите освен еден биле спроведени во Куманово.

Димче Јовчев Величковски – Еребица бил меѓу заробените и при спроведувањето на 17 октомври 1941 година бил убиен од бугарската окупаторска војска и полиција.

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.