Среда, 29 Септември 2021    Печати
Димче Мирчев

1leg151

Димче Ѓошев Мирчев (13. XI 1913 – 6. IV 1944) е македонски револуционер, организатор на НОБ во Велес, народен херој. Во 1941 г. активно се вклучил во подготовките за оруженото востание и бил организатор за формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ во април 1942 г. Од септември истата година бил заменик командант на Одредот. По разбивањето на Одредот во 1943 г. преминал во илегала. Загинал во судир со бугарската полиција.

Димче Ѓошев Мирчев е роден на 13 ноември 1913 година во Велес, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште бил пратен да учи занает. Пред Втората светска војна работел како столарски работник.

Димче имал тежок живот и се приклучил на работничкото движење. Во 1934 година станал член на Обединетиот работнички синдикат на Југославија (УРСЈ), Во периодот од 1936 до 1941 година организирал повеќе штрајкови во Македонија и Србија, поради што повеќе пати бил во затвор.

Во 1937 година, како еден од раководителите на УРС-овиот синдикат во Велес, полицијата го уапсила Димче Мирчев, кој шест месеци поминал во истражен затвор. По излегувањето од затвор заминал во Белград, а по неговото враќање во Велес во 1940 година станал член на Комунистичјата партија на Југославија (КПЈ). Набрзо потоа бил поставен за секретар на Месниот комитет (МК) на КПЈ во Велес. Во есента 1940 година бил уапсен со група комунисти и бил во прилепскиот затвор се до почетокот на нападот на Југославија на 6 април 1941 г.

Во текот на 1941 година Димче Мирчев активно се вклучил во подготовките за оруженото востание. Поново ја превзел функцијата секретар на МК на КПЈ во Велес. Како член на Воениот комитет на МК на КПЈ за Велес, бил  организатор за формирањето на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, кој бил формиран во април 1942 година.

Во септември истата година Димче го напуштил градот и преминал во ПО „Димитар Влахов“ и станал заменик командант. Во наредниоте месеци во судир со бугарската полиција и контрачети Одредот имал загуби. Поради тоа Димче морал да работи во тешки услови за повторно да собере борци за Одредот. И покрај теророт на бугарскиот фашистички окупатор, Димче има големи заслуги за повтрно собирање на борци до пролетта 1943 година.

По разбивањето на Одредот во 1943 година, Димче Мирчев преминал во илегала. По одлуката на партијата од февруари 1944 година заминал на работа во Кавадарци, како секретар на ОК на КПМ за Кавадарци. Заедно со Киро Атанасовски, член на Регионалниот комитет на КПЈ за Тиквешијата, тој работел на организирање на излегување од градот на 60 нови борци за Втората македонска ударна бргада.

Вечерта на 7 април 1944 година, бугарската полиција ја опколила куќата во источниот дел на градот, каде што беа Димче и Киро. Откако одлучија да не се предадат, тие се спротивставија на непријателот додека имаа муниција, а потоа извршија самоубиство.

Со Уредба на Президиумот на Народното собрание на Сојузна Народна Република Југославија, на 2 август 1949 година, Димче Мирчев беше прогласен за народен херој.