Среда, 15 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
Константин Поменов

1so9f131 Константин Поменов

Константин Поменов (5.05.1850 – 24.08.1913) е политичар, публициста и правник од крајот на XIX век од Македонија. Со Димитар Македонски, Д. Оклев и Георги Разлогов основале Бугарско-македонско благотворително друштво кое има за цел да ги помага сиромашните ученици од Македонија и да отвори педагошко училиште во Македонија..

Константин Поменов е роден на 5 мај 1850 г. во Прилеп, во семејството на сиромашниот терзија Ангеле.  Основно образование стекнал во роднит град. Во учебната 1859/1860 г. учел кај Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а во периодот 1861 до 1864 г. бил прислужник на учителот Васил Алексиев од село Маврово. Од 1864 г. станал ученик и помошник на Кузман Шапкарев. Во 1865 година, со помош на Шапкарев, Поменов се запишал како стипендист во шестокласната гимназија на Јоаким Груев во Пловдив, каде учел три години.

Меѓу 1868 и 1869 г., Поменов бил учител во Пловдив, а кон крајот на 1869 г. и во Одрин. Во 1869 г. бил привремен дописник на весникот „Македонија“, кој излегува во Цариград во периодот од 1866 до 1872 г. Гимназиското образование го оформил во Табор Австро-Унгарија во 1870 г. и во гимназија во Прага меѓу 1872 и 1874 г., со финансиска поддршка на богатиот бугарски трговец со руско државјанство Евлогиј Георгиев, кој поддржувал и сиромашни ученици од. Македонија.

По завршувањето на гимназијата Поменов започнал да студира филозофија во Прага, но се преврлил во Виена, каде завршил право во 1877 г., со поддржка на русофилската „Добродетелна дружина“, чиј основачи биле богатите браќа Евлогиј и Христо Георгиеви. По завршувањето на студиите, Поменов останал во Виена каде во 1878 г. работел како помошник секретар во Виенскиот суд.    

Во 1879 година, по Руско-турската војна (1877 – 1878 г.) и Берлинскиот договор со кој е формирано вазалното Кнежество Бугарија, Поменов станал пратеник во Уставното народно собрание, како делегат на друштвото „Напредок“ од Виена. Учествувал во изработката на Трновскиот устав.

Во 1880 г., Константин Поменов живеел во Франција и Италија, а во 1881 г. го одбранил докторатот во Хајделберг, Германија, по што станал член на Апелациониот суд во Софија. Истата година, Константин Поменов, Димитар Македонски, Д. Оклев и Георги Разлогов  го основале Бугарско-македонско благотворително друштво кое имало за цел да ги помага сиромашните ученици од Македонија и да отвори педагошко училиште во Македонија.. Друштвото имало просветно културен карактер и активно учествувало во печатење на македонски весници и литература.

Во 1882 г, Поменов работел како адвокат и бил уредник и сопственик на весникот „Светлина“ (1882-1883). Првично членувал во Прогресивно либералната, а потоа преминал во Народно либералната партија. Во 1883 г. бил пратеник во Третото народно Собрание, потоа од 1 јануари 1884 г. до 29 јуни 1884 г. бил бугарски министер за правда во владата на Драган Цанков, а во периодот од 19 ноември 1893 г. до 19 мај 1894 г. бил во владата на Стефан Стамболов. По оставката продолжил да работи како судија и адвокат.

Во декември 1895 г. бил делегат на Свиштовското македонско друштво на Вториот конгрес на Македонската организација. Бил дипломатски агент на Кнежеството Бугарија во Виена (1902/03 г.).

Константин Ангелов Поменов починал на 24 август 1913 г. во Софија.

 

На прво место

News image

23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба

23.октомври 1893 -  Во Солун е основана  Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Ор...

Историја

News image

Македонија како римска провинција

Д-р  Иван Алексов ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 ...

Иселеници

News image

КОЈ Е ФОЛКРОРИСТОТ георги (ЏОРЏ) томов? (2)

Уметничкиот директор и кореограф на ансамблот “Томов” - ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ИСЕЛЕНИКОТ ПЕТАР СТАМАТОВ ОД СМИЛЕВО (2)

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ 

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – (5)

 Почетоците на освојувањата на Александар Македонски (Велики) се особено потенц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.