Среда, 28 Јули 2021    PDF Печати Е-пошта
Вера Циривири Трена

1ver121 Вера Циривири Трена

Вера Циривири (1920 – 15. VII 1944) е македонска паризанка, учесник во НОБ. Била еден од организаторите на оруженото востание во Прилеп, Скопје, Битола, Тиквешко, Куманово и во Штип. Во 1944 г. била член на III областен комитет на КПМ и работела на зацврстувањето на партиските организации во Струмица, Кочани, Велес, Штип и Валандово, како и испраќање делегати за Првото заседание на АСНОМ. Позната под псевдонимите Трена, Мица и др. таа од полицијата била уценета за 20.000 лева. По провала, била опколена од бугарската полиција и, за да не биде фатена жива, се самоубила.

Вера Костова Циривири е родена во 1920 година, како второ од шесте деца во семејството на Васка и Коста Циривири. Истата година, татко и Коста бил затворен и осуден на пет години затвор во Пожаревац, поради тоа што бил во социјалистичкото друштво во Прилеп.

Во 1939 година, поради болест, Вера заминала на лекување во Белград, каде нејзиниот татко работел како кројач. Во тоа време кројачкиот дуќан на Коста било сврталиште на револуционери, уметници и поети од Македонија, како и скривница за студентите кои бегале од полицијата. Меѓу честите поситители на дуќанот биле Мирче Ацев, Борка Талевски, Кузман Јосифовски Питу, Страшо Понџур, Кочо Рацин и др., кои ќе имаат големо влијание врз  Вера.

Вера со мајка и често патувала на релација Прилеп – Белград, при што носела материјали за комунистичко движење во родното место. Во 1940 година станала член на Комунистичката партија, а истата година биле еден од оргаизаторите на прогресивната младина на манифестацијата по повод националниот празник Илинден. Таа учествувала и на белградските мартовски демонстрации во 1941 година против потпишувањето на пактот за пристапување на Кралството Југославија кон Тројниот пакт.

По априлската војна и окупацијата на Југославија во 1941 година, Вера како член на КПЈ, станала член на Месниот комитет во Прилеп. Таа важела за многу добар инструктор, со одлични организаторски способности и била еден од организаторите на оруженото востание во Прилеп, потоа во Скопје, Битола, Тиквешко, Куманово и во Штип. Поради овие активности, бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива.

Во 1944 година била член на III областен комитет на КПМ и работела на зацврстувањето на партиските организации во Струмица, Кочани, Велес, Штип и Валандово за масовизирање на НОБ и организирање на СКОЈ, АФЖ, НОО и испраќање делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Во 1944 година, по партиска задача Вера била во Штип, каде регрутирала нови борци и делегати за АСНОМ. Но, бика провалена и опколена од бугарската полиција. Таа почнала да бега и да бара спас во соседните куќи. Меѓутоа никој не се обидел да и помогне и во еден момент додека прескокнувала ограда била погодена од куршум на бугарските агенти. На 15 јули 1944 година, за да не биде фатена жива, Вера Циривири Трена се самоубила.

Бугарските власти го изболе мртвото тело на Вера со бајонети и за да не остани трага го фрлиле во реката Брегалница. Но некој овчар го видел телото, го извадил од водата и го закопал покрај брегот. По војната телото било откопано и Вера била погребана со високи државни почести.

Иако Вера Циривири-Трена го дала својот млад живот за Македонија до денес не е прогласена за народен херој.

 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.