Среда, 07 Јули 2021    Печати
Никола Михов

1Nikola1 Никола Михов

Никола Михов (? – 1. VIII 1907) е македонски револуционер, костурски војвода, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револузионерна организација. Бил ајдучката чета на Коте Христов, а во 1914 година со луѓето од Желево, формира селска чета на Македонската револуционерна организација (МРО). Заедно со четите на Пандо Кљашев, Атанас Кршаков, Кузо Блацки и Митре Влао учествуваа во голем број битки со андартските чети и турскиот аскер во областа. Тој се покажал како голем херој и неговото име станало популарно, легендарно. Луѓето го имаа како втор Крали Марко. 

Никола Михов Јановски е роден во во леринското село Желево во втората половина на 19 век. Неговиот татко Михо Јановски работел во чифликот на Хусеин (Усеин) ефенди, блиску до селото. Населението на Жeлево имало долгогодишен спор со Усеин околу сопственоста на земјиштето. Никола Јановски е меѓу најактивните жители на селото, кои му нанесуваат штета на чифликот, со цел за да го принуди Усеин Ефенди да им го продаде земјиштето на селаните. Како резултат на оваа активност тој бил принуден да замине во илегала.  

Никола се приклучил на ајдучката чета на Коте Христов и бил со него сè до 1904 г., кога Коте застанал на страната на грчката вооружена пропаганда. Заедно со луѓето од Желево, Трајко Додев, Јото Лулев (Љулов),, Богдан Трапчев и Васил Павлев, формирал селска чета на МРО.

По убиството на трговецот и преродбеник од Жeлево, Хаџи Павле, татко на Васил Павлев, кој го извршила чета на грчката вооружена пропаганда меѓу Писодер и Желево, четата на Никола го убил гркоманскиот кмет на Желево, Ламбро Николов. 

Во 1905 година четата на Никола ја разбила грчката чета на капетанот Георгиос Манолис кај Оштима, како и друга грчка чета кај Оровник. Заедно со четите на Пандо Кlyашев, Атанас Кршаков, Кузо Блацки и Митре Влаот учествуваа во голем број битки со андарти и турскиот аскер во областа. 

Во ноември 1906 година неговата чета учествувала во битката кај Оштима, во која биле убиени андарите Павел Киров и Димитар Далипо, потоа во Габреш со четата на Георгиос Цондос и во Нивици и Претор. Истата чета ги употребила заробените грчки тајни шифри и подготвила заседа на раководителот на грчката пропаганда во Желево, Поп Ставре, по што го убила.

На 1 август 1907 година, Никола Михов и неговите четници, заедно со Христо Цветков и реонските раководители учествувале на состанокот во Дреновени, но биле предадени. Во борба со турска војска загинале Никола Михов, Пандо Кљашев со целата своја чета, како и Лазар Палчев од Врбник, Петар Клајнев, Нумо Марковски од Косинец и Васил Хаџипавлов од Желево. Само Христо Цветков и Трајко Додов, кои побегнале во Желево, ја преживеале битката со Турците. 

Историчарот на Желево Фото Томев за Никола Јановски напишал: „Никола М. Јановски се покажа како голем херој. Неговото име стана популарно, легендарно. Луѓето го имаа како втор крал Марко.“