Среда, 30 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Атанас Коровешов

1paj Атанас Коровешов

Атанас Коровешов (1913 – 2. IX 1945) е деец на македонското национално и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Во 1944 г., по судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, со група македонски борци преминал во Вардарскиот дел на Македонија. Бил назначен за командант на баталјон на Ударната бригада на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, потоа бил член на раководството на НОФ за Егејскиот дел на Македонија и загинал на планината Пајак во борба со грчките монархистички сили.

Атанас Коровешов  е роден во селото Смрдеш, Егејскиот дел на Македонија, во 1913 година. Основно оделение завршил во родното село, а потоа се занимавал со сточарство. Пред Втората светска војна тој бил активен во Грчката комунистичка партија (КПГ).

Во 1939 година Атанас служел воен рок во погранична единица на грчката армија, а по фашистичката окупација на Грција во пролетта 1941 година, со другите комунистички дејци развивал широка активност против окупаторот.

Семејството на Атанас имало имот во Лариса. Во 1941 година, Атанас заедно со стадата заминал на зимување на имотот во Лариса, од каде активно ги помагале партизаните.

Атанас се вратил во родното село во летото 1942 година. Како искусен човек кој го отслужил  воениот рок, тој се вклучил во работата на селскиот комитет на Смрдеш како одговорен за воени прашања. Истовремено, тој работел на омасовување на ирганизацијата во околните села.

Во август 1943 година Атанас Коровешов заминал во партизани. Од неговата група која била составена од Македонци од околните села, во септември бил формиран одредот „Лазо Трпевски“. .Атанас учествувал во сите акции и борби на одредот се до негово расформирање.

Во пролетта 1944 година, борците на одредот „Лазо Трповски“ преминале во леринско -костурскиот батаљонот на Вичо кој влегувал во состав на 28 полк на ЕЛАС. Атанас како командир на првиот вод од втората чета на овој батаљон учествувал во низа борби.

По судирот со раководството на КПГ за македонското национално прашање, Атанас со група македонски борци на леринско-костурскиот батаљин во почетокот на мај 1944 година преминал во Вардарскиот дел на Македонија.

Од македонските воени единици кои се одделиле од ЕЛАС, во ноември 1944 година во битолското село Драгош беше формирана Првата егејска ударна бригада. Атанас бил назначен за командант на баталјон и војувал заедно со македонската војска.

По завршувањето на операциите на чистење на квинслишките сили во реонот на Кичево и подготовките за расформирањето на бригадата во пролетта 1945 година, се вратил во Егејскиот дел на Македонија и од април истата година бил во Главниот одбор на Народноослободителниот фронт (НОФ).

НОФ е формиран на 23 април од страна на Михајло Керамитчиев, Паскал Митревски, Георги Урдов, Павле Раковски, Минчо Фотев и Атанас Коровешов на 23 април 1945 година со цел борба против грчките монархофашистички агресори и борба за физички опстанок на Македонците во Грција.

Атанас Коровешов загинал на 2 септември 1945 година на планината Пајак, с. Корнишор, Ениџе Вардарско, во борба со грчките монархистички сили.

 

На прво место

News image

За локалните избори – и по нив

Како се наближуваат локалните избори и влегуваме во нивната претпоследна фаза, пред са...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.