Среда, 23 Јуни 2021    Печати
Христо Куслев

kusev

Христо Куслев (18. III 1877 _ 19. IX 1943) е македонски револуционер, струмички војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Во Лешко, Џумаја, го засилил револуционерниот комитет и создал канал за пренесување оружје од Бугарија. Во февруари 1903 година станал војвода на Порој. Дејствувал во Струмичко на чело на мал одред, со кој во летото истата година учествувал во Илинденското востание. Разочатан од неуспехот на востанието тој го продолжил своето образованите во Виена каде што завршил стоматологија.

Христо Куслев е роден на 18 март 1877 година во Кукуш,, Неговиот татко бил трговец. Со основно образование се стеклнал во Кукуш, каде учел до трето одделение, а пото продолжил во гимназијата во Солун, каде во 1896 - 1897 година завршил VI одделение. Како ученик во Солун, тој се приклучил на Македонската револуционерна организација и бил покрстен од свештеникот Стамат Танчев.

Во 1897 година Куслев бил примен во военото училиште во Софија, но се откажал и со помош на Ѓотче Петров од 1898 година учителствувал во Лешко како параван за неговата револуционерна активност. Во Лешко го засилил револуционерниот комитет и создал канал за пренесување оружје од Бугарија.

Во 1899 година Христо Куслев завршил 7-мо одделение во Солунското средно училиште и потоа учителствувал во Долни Порој, Серско. Тој станал реонски раководител на Македонската револуционерна организација за Порој и основа револуционерни комитети во македонските села. Потоа Серскиот револуционерен комитет го испратил како учител во Цапарево и станал реонски началник на Каршијака.

Во септември 1901 година станал учител во Крушево, Егејска Македонија, но прогонуван од властите во ноември преминал во илегала. Од почетокот на 1902 година бил секретар во одредот на Атанас Тешовалиата во Неврокоп и Разлог. Преминал во Бугарија, а во јануари 1903 година повторно влегол во Македонија со четата на Гоце Делчев.

Во февруари 1903 година тој станал војвода на Порој. Дејствувал во Струмичко на чело на мал одред, со кој во летото истата година учествувал во Илинденското востание.

Разочатан од неуспехот на востанието тој се повлекол и го продолжил своето образованите. Во 1907 година дипломирал стоматологија во Виена. Потоа се населил во Подгорица, каде работел како стоматолог.

Христо Куслев починал на 19 септемвти 1943 година во Подгорица.