Среда, 16 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Блажо Тодоровски - Чичето

Blazo Todorovski

Блажо Тодоровски (13. IV 1902 - 16. VI 1943) е македонски комунист, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Македонија се поврзал со комунисти од Кавадарци и станал член на КПЈ во летото 1941 година. Во април 1943 година се приклучил на партизанските групи во Полошкиот манастир, Кавадаречко, од кои бил формиран Тиквешкиот НОПО “Добри Даскалов“, каде што бил назначен за заменик командант. Во јуни 1943 година. во борба против бугарските окупаторски сили бил тешко ранет и по неколку дена починал. Во 1953 бил прогласен за народен херој на Југославија

Блажо Тодоровски е роден на 13 април 1902 година во селото Ресава кај Кавадарци, во сиромашно семејство. Уште како дете ја изгубил својата мајка и живеејќи во крајна сиромаштија морал да чува стока. Кога пораснал, аргатувал таму каде што ќе нашол работа, а најмногу во Кавадарци.

Во Кавадарци дошол во контакт со идеите на работничкото движење и Комунистичката партија на Југославија. Така Блажо, кој израснал во сиромаштија, ги прифатил комунистичките идеи и бил подготвен да се приклучи на партиската организација. Првото политичко активирање го имал на изборите во 1938 година, агитирајќи за опозицијата.

По аптлската војна во 1941 година и фашистичката окупација на Македонија, Блажо се поврзал со комунисти од Кавадарци и се истакнал во собирањето на оружјето кое го отфрлила кралската југословенска армија. После нападот на Германија на СССР, во летото 1941 година, Блажо станал член на КПЈ.

Активностите на комитетот во Тиквеш честопати биле поврзани со селото и со семејството на Блаже Тодоровски. Неговото село било познато по активностите на народноослободителното движење во Македонија. Во текот на подготовките за оружено востание, Блажо ги обиколувал тиквешките села во кои агитирал и ги подготвувал да заминат во партизани.

Неговата активност се засилува на крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година, кога во селата Драдња и Ресава организирал илегално сместување на ранетите партизани од одредот „Димитар Влахов“ и се грижел за нив. Кога бугарската полиција успеала да ги пронајде скривалиштата на ранетите партизани, Блажо морал да замине во илегала..

Во април 1943 година, Блажо се приклучил на партизанските групи во Полошкиот манастир, Кавадаречко, од кои бил формиран Тиквешкиот НОПО “Добри Даскалов“, Во мај 1943 година бил назначен за заменик командант и во Тиквешко бил познат како добриот чичко Блажо. 

Блажо Чичето се истакнал во борбите кај Бојанчишта, Драдња и Гарниково. Но, на 16 јуни 1943 година, тој бил тешко ранет во борбите кај местото Ножот. Чичето тргнал со десетина партизани во напад за да ги разбие бугарските редови и да му овозможи пробој на својот одред.  Меѓутоа при пробојот бил тешко ранет и по неколку дена носен од своите другари, тој им подлегнал на раните

Блажо Тодоровски – Чичето бил прогласен за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

 

На прво место

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.