Среда, 02 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
Георги В’ндев

1090Георги В’ндев

Георги В’ндев (7. IV 1896 – 16. IV 1942 ) е македонски револуционер, војвода на ВМРО во Струмичко, син на војводата на ТМОРО/ВМОРО В’ндо Гошев. Во 1912 година, Георги на 16- годишна возраст стапил во четата на војводата Штерју Јунака, а потоа бил секретар во четата на татка си. По Првата светска војна бил околиски војвода на автономистичката ВМРО во Струмичко. Уапсен од грчките власти, бил осуден на смрт во 1923 година, но по извесен престој во солунскиот затвор, казната не била извршена.

Георги В’ндев е роден на 7 април 1896 година во мегленското село Лесково. Неговиот татко беше војводот В’ндо Гошев (1858 – 1917), кој подоцна го зел синот во својата чета. Георги завршил средно училиште во градот Гуменџе.

Во 1912 година, на 16-годишна возраст, Георги бил заколнат член на Македонската револуционерна организација, а потоа станал четник од Штерјо Канаксов или познат како Штерјо Јунана, а подоцна се приклучил како секретар на четата на неговиот татко.

Со одредот на неговиот татко кај селото Крива, на 9 октомври 1912 година, за време на Првата балканска војна, тој го разбива турскиот аскер, а на 19 октомври ја помогнал грчката војска и го ослободил Ениџе Вардар.

Меѓутоа, на 15 декември, В‘ндо Гошев и неговиот син биле уапсени од грчките власти и осудени на смрт. Тие беа затворени во кулата Еди, од каде што Георги успеа да избега, а беговиот татко војводата Вандо бил тепан, оставен да гладува, труен и конечно убиен во 1917 година.

Во периодот 1915 - 1918 година, Георги В’ндев учествувал како доброволец во Првата светска војна. Тој бил распореден во 1-от македонски полк на 11-та македонска дивизија. Тој се борел на Криволак, Дојран и по долината на реката Струма. До есента 1918 година бил во одредот на војводата Тане Николов.

По Првата светска војна бил околиски војвода на автономистичката ВМРО во Струмичко. Тој продолжил да влегува си четата во Вардарска Македонија, окупирана од Србија. На 15 декември 1921 година, во близина на Белотино, со чета од осум лица се борел со неколку стотици српски војници и полицајци.

Во октомври 1922 година, тој учествувал во казненатата акција на ВМРО против федералистите, како помошник на војводата Алеко Василев. Веќе наредната 1923 година, Георги В’ндев бил уапсен од грчките власти и осуден на смрт. Но по извесен престој во солунскиот затвор, казната не била извршена.

По убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година, Вандев застанал на страната на Иван Михаилов. Заедно со четите на Ефтим Чифлишки и Дончо Христов, учествувал во казнена акција во февруари 1925 година во Малешевскиот и Радовишкиот регион против српските власти, како одговор на нејзините злосторства врз локалното население.

Во октомври 1925 година, за време на таканаречениот Петрички инцидент, Георги Вандев, со помош на Борис Бунев, ја организирал одбраната во Петрич против грчката армија која навлезе на територијата на Пиринска Македонија.

Во 1927 година Вандев се населил со семејството во Петрич. Но, по превратот на 19 мај во 1934 година, Георги В’ндев бил интерниран во Бургас, Карлово и Софија. Се вратил во Петрич во 1938 година и се занимавал со книжарство и земјоделие. Починал на 16 април 1942 година во Петрич.

 

На прво место

News image

СДСМ е истото старо транзиционо лице

Лукаревска која ги штити фирмите на Заеви, Николовски кој наместо криминал брка путер и Филипче ...

Историја

News image

Македонското знаме во традиционалната црвено жолта боја

  Традиционалната црвено-жолта боја постојано се сретнува во македонските симболи. По завршу...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО - ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа ...

Култура и туризам

News image

На Каменот од Розета карактеристики на битолскиот говор

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова г...

Фељтон

News image

ШТО ПИШУВААТ ИСТОРИЧАРИТЕ НА ДЕЛА ЗА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (10)

Главната цел на делото (книгата “Венети, Првите градители на Европската заедница”)...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.