Среда, 09 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
Јордан Гавазов

3jordan

Јордан Ицков Гавазов (1869 - 1899) е македонски револуционер, војвода на ТМОРО. Бил член на првиотн МК на ТМОРО во Прилеп во 1894 година, формиран од Даме Груев. За соработка со прилепскиот војвода Диме Дедото, бил уапсен и затворен во Битола во 1895 год., но успеал да избега и емигрирал во Софија. При престој во Прилеп со Х. Чемков и други двајца комити во 1899 год., биле опколени од турската војска. Откако го убил османлискиот полициски началник што ја предводел потерата, се бореле до последните куршуми, по што се самоубиле.

Јордан Гавазов е роден во Прилеп во 1869 година, во ковачко и револуционерно семејство. Неговиот татко Христо (Ицо или Ицко) го прилагодил увезениот американски железен плуг за потребите на домашното земјоделство, притоа добивајќи уникатен прозивод т.н. македонски железен плуг кој бргу почнал да се употребува во Пелагонија..

Таткото Ицко и синот Јордан биле постојано меѓу личностите кои се спротивставувале на турските власти поради извршените злосторства врз христијанското население, поради што често биле приведувани при спреведните акции на власта во Прилеп и околината.

Јордан Гавазов како млад, силен и бескомпромисен борец против турската власт, станел еден од првите членови на Месниот комитет на Македонската револуционерна организација во Прилеп. Тој заедно со Даме Груев и учителите Александар Хаџи Панов и Јордан Поп Константинов го формирале Прилепскиот комитет на ТМОРО во летото 1894 година.     

Во 1895 година, поради учество во Дреновската афера, соработка со четата на прилепскиот војвода Диме Дедото, која ги ликвидирала беговите зулумџии, Јордан бил уапсен заедно со таткому и бил затворен во Битола.  Во затворот каде бил заедно со Стојан Лазов и Дончо Штипјанчето, дошло до пресметка со Мицко Крстев, по која Мицко преминал во служба на српската пропаганда во Македонија.

Во зимата 1897/98 година, Јордан Гавазов успеал да узбега од битолските зандани и да емигрира во Бугарија. Во Софија се сретнал со учителот Христо Чемков од Штип, кој исто така избегал од прогонот на турските власти.

Во текот на мај 1899 година Јордан Гавазов и Христо Чемков, по илегален пат доаѓаат во Прилепско, додека Харалампи Ѓуров и Стојан Димитров – Акчијата влегле легално. Тие дошле со цел да формираат организациона чета во Прилепско.

Меѓутоа, по доаѓањето во Прилепско комитите не се состанале. Двајцата четници мистериозно настрадале, а при престој во Прилеп, Гавазов и Чемков биле обиколени од турската војска во куќата на Белазелковци. 

При нападот на турската војска Гавазов и Чемков се бореле до последниот куршум. Откако го убиле османлискиот полициски началник Емин ефенди што ја предводел потерата и неколку војници, останувајќи без муниција, тие се самоубиле. Тоа бил пример кој потоа го следеле многу македонски револуционери. 

 

На прво место

News image

Полувековно новинарско творештво сублимирано во монографија

Деновиве од печат излезе монографијата „Погледи на времето“ на Киро Кипроски, доајен на маке...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.