Среда, 13 Мај 2020    PDF Печати Е-пошта
Јордан Николов - Орце

8189Јордан Николов - Орце

Јордан Николов Антонов ( 7. I 1916 - 3/4. I 1942) е македонски револуционер, комунистички деец и народен херој. Бил активист на УРС- овите синдикати и член на КПЈ од 1935 година. Ги организирал илинденските излети во 1940 година, поради што бил уапсен во август 1940 година и осуден на две години затвор и лежел во Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица. Со група затвореници, низ прокопан тунел, успеал да избега во август 1941 година и се вклучиле во Фрушкогорскиот НОПО, преку кој се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице. Со група партизани, во обид да се префрли во Македонија, наишол на бугарска заседа и по кратка борба загинал. Познат е како Орце Николов и во 1945 година, како еден од првите борци од Македонија бил прогласен  за народен херој на Југославија.

Јордан Антонов Николов – Орце е роден на 7 јануари 1916 година во Скопје, во работничко семејство. После завршеното основно училиште, во 1934 година го изучил кројачкиот занает. Соочувајќи се со тешкиот работнички живот пристапил на синдикалното движење, а во 1935 година станал член на КПЈ. Како активист на УРС- овите синдикати бил член на Меѓуструковиот синдикален одбор и одбор за штрајкови.

Во текот на 1937 година служел воен рок во Загреб, а во пролетта 1939 година се вратил во Скопје, каде пролжил со синдикалните и партиските активноси. Во текот на 1939-1940 година бил секретар на Подружницата на шивачките работници и секретар на Месниот комитет на КПЈ во Скопје и член на привременото Биро на Покраинскиот комитет на КПЈ во Македонија .

Во 1940 година, Орце Николов ги организирал илинденските демонстрации, поради што бил уапсен и осуден. Судот за заштита на државата на кралството Југославија го осудил на две години затвор кои ги лежел во затворите Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица, каде што бил член на Затворскиот комитет на КПЈ.

На Покраинската конференција  одржана на 8 септември 1940 година во отсуство бил избран за член на ПК на КПЈ во Македонија, а на Петтата земска конференција на КПЈ одржана во Загреб од 19 до 21 октомври 1940 година и за кандидат за член на ЦК на КПЈ.

За време на Втората светска војна, додека Орце бил на робија во Сремска Митровица кралството Југославија беше окупирано од фашистичка Германија и нејзините слуги. Неколку месеци по априлската војна и окупацијата, на 22. VIII 1941 година, група од 32 затвореници, меѓу кои и Орце Николов избегале од затворот и се приклучиле на Фрушкогорскиот НОПО (народноослободителен партизански одред).

По извесно време Орце се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице, од каде добил задача да се префрли во Македонија за да помогне во организирањето на ослободителното движење.

Бидејќи бугарските окупатори добро ја чувале границата помеѓу нивната и германската окупациска зона на југот на Србија, секој обид за премин на оваа граница бил опасен. Во првиот обид да се премине границата Орце не успеал и се вратил. Вториот обид за премин на границата бил со група партизани на 3 и 4 јануари 1942 година, кај Владичин хан. Меѓутоа и овој пат наишле на заседа на граничната полиција и по кратка борба Орце Николов загинал,

Со указ на Претседателството на АВНОЈ на 29 јули 1945 година, Орце Николов бил меѓу првите борци од Македонија и од Народноослоботелната војска на Југославија прогласен за народен херој.

 

На прво место

News image

Мицкоски: На 15 јули сите заедно, единствени да им покажеме како се сака Македонија, и да ставиме крај на криминалот и р

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во какв...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.