Среда, 17 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
Мито Хаџивасилев - Јасмин

x1Мито Хаџивасилев - Јасмин

Мито Хаџивасилев - Јасмин (21. XII 1922 - 1. VIII 1968) е македонски револуционер, комунист, учесник во НОБ, новинар, публицист, политичар и државник. По Ослободувањето бил член на Обласниот комитет на НОО во Битола, директор и главен уредник на весникот “Нова Македонија“ (1945-47 и 1962) и на партиските органи “Партиски живот“, “Социјалистичка зора“ и “Погледи“. Бил прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија, а наградата за новинарство во РМ, што се доделува секоја година, го носи неговото име.

Мито Хаџивасилев – Јасмин е роден на 21 декември 1922 година во Кавадарци. Завршил гимназија во Битола, а пред почетокот на Втората светска војна студирал на Правниот факултет во Белград.

Во 1940 година станал член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Од тогаш е член и на Месниот комитет на КПЈ и секретар на Месниот комитет на Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ) во Кавадарци, поради што и бил апсен во 1941 година.

Мито Хаџивасилев – Јасмин е учесник во народноослободителната борба од 1941 година, а во во илегала преминал во 1942 година. Тој бил еден од организаторите на НОБ во Тиквешијата.

За време на војната Јасмин бил член на Третиот областен комитет на КПМ, заменик политички секретар на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и заменик политички комесар на Втората македонска НОУБ. Пред крај на војната и по ослободувањето бил член на Обласниот комитет на Народноослободителниот одбор (НОО) во Битола, Исто така по војната тој обавувал повеќе политички функции.

Мито Хаџивасилев – Јасмин бил еден од најпознатите македонски нивинари и публицисти. Бил директор и главен уредник на весникот “Нова Македонија“ од 1945 до 1947 и 1962 година. Исто така бил основач и главен уредник на партиските органи “Партиски живот“, “Социјалистичка зора“ и “Погледи“, како и прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија,

Бил началник на Уредот за информации при Претседателството на Владата на НРМ, републички и сојузен пратеник, секретар на Извршниот совет на СРМ, член на Главниот одбор на ССРНМ, член на ЦК на СКЈ, на Извршниот комитет и на Претседателството на ЦК на СКМ, претседател на Идеолошката комисија на ЦК на СКМ, и претседател на Собранието на СРМ од 12 мај 1967 до 1 август 1968 година.

Мито Хаџивасилев – Јасмин умира на 1 август 1968 година во местото Брела кај Макарска.  На функцијата претседател на Собранието на Македонија го наследил Никола Минчев.

Во текот на својот живот Мито Хаџивасилев – Јасмин објавил повеќе книги и брошури со теоретско-политичка содржина (од областа на политичка економија на социјализмот, социјалистичката демократија, естетика, историја и др. ).

Државната наградата со која се оддава признание за остварување во областа на публицистика и  новинарство во Македонија го носи неговото име. Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ која се доделува секоја година, за првпат е доделена во 1969 година. Во една година можат да се доделат најмногу до две награди.

 

На прво место

News image

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со огромна разлика

Ќе имаме огромна победа со огромна разлика. Буквално секој рејтинг, секоја анкета го кажува тоа. О...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.