|
||
| Авторот на оваа народна песна го почитуваат сите македонци овде и по цела Македонија |
|
КУЗМАН ШАПКАРЕВ ЗА ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ : (Софија, 1882 год.)
Му рекле дека се прима во служба, но да си го фрли народното облекло и да се облече во европски алишта. Старецот одговори: “Ако вие сакате да ме принудите да си ја фрлам народната облека со којашто сум пораснали сум работел толку време за својот народ, тогаш јас не ви ја сакам ни службата ни платата, и си излегол. Оттогаш и до денеска овој старец стои без никаква служба во претстолнината, се занимава пак со старини, одејќи меѓу своите сотатковинци дулѓери од Дебарско за да си ги дополнува трудовите. Тој има многу материјал, но му недостасуваат средства за да може да го издаде на свет.Само еден мошне малечок дел, и тоа материјал од новото време го издаде поминатата година во огра-ничен број примероци, (се однесува на книшката “Македонска песнарка”, објавена во Софија во 1879 год.,н.б.) повеќето од кои што ги испрати во Русија до редакциите на весниците. Овој старец е автор на следнава песна што ја пеат овде сега сите македонски Бугари ( се однесува на на поемата “Самовила Македонска”, н.б.), и не само овде туку и во Дебарско во Албанија. Јас ја наведувам буквално оваа песна за вашите читатели. ...Авторот на оваа нова народна песна, когошто го уважуваат и го почитуваат сите Македонци овде и којшто има популарност по цела Македонија, а особено меѓу Мијаците во дебарската околност, издаде на бел свет во 1879 година една “Македонска Песнарка”, првиот дел од 17 страници со црковнословенски букви, а вториот випуск од 16 страници со граѓански букви. Г-н Георги Пулевски (така се вика авторот на горната песна) е познат уште и со издавањето на еден особен вид речник чиј прв дел е излезен во 1873 год. под наслов “ Речник од четири јазика: 1) српско-албански, 2) албано-арнаутски, 3) турски, 4) грчки (печатен во Белград во 1973 год., н.б.) а вториот дел е напечатен во 1875 год., направен по прашања и одговори на три јазика: македонски, албански и турски. За овој речник “Рус” (се однесува на весникот “Рус” редактиран од Ив. С. Аксаков) вели вака: “речникот на Г.Пулевскиј буди многу интерес за запознавањето со јазикот на македонските жители, коишто Србите толку настојчиво го приклучуваат кон српското племе. Воопшто треба да забележиме дека Македонија претставува за славистите - ако можеме така да се изразиме - непозната почва што ги чека своите истражувачи”. Б. Ристовски, Портрети и процеси, 1,...стр. 268-271; |