Среда, 09 Декември 2009    Печати
„Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“
bozikni-obrediИзложба за празнувањето на Божик кај Македонците во Етнографскиот музеј во Загреб

„Дека да си, пред Божик зад Божик, дома да си“, изложба на македонскиот авторот Владимир Боцев, македонски етнолог, кустос-советник. Изложбата, го прикажува и претставува божикниот македонски обред и ритуали од Бадниковата вечер на 6ти јануари се до Водици обредите до 19ти јануари, кои македонскиот народ традиционално со векови ги почитува и извршува при празнувањето.
За прв пат етнолошка изложба за македонските обичаи на Македонците се претставуваат надвор од земјава, а Музејот за прв пат гостува  надвор од Македонија. Изложбата, исто така, е и успешно продолжување на соработката меѓу Музејот на Македонија и Етнографскиот музеј во Загреб, по 2004 година кога од Музејот на Македонија во Етнографскиот музеј во Загреб истовремено беа поставени изложбите „Македонскиот народен вез“  и „Руралната архитектура во Македонија“.Нешто потоа од Етнографскиот музеј од Загреб во Музејот на Македонија, нашите уживатели на традиционалната уметност ја посетија изложбата „Хрватски традиционални детски играчки и лицитарски умеења“.
Изложбата ќе биде отворена во Етнографскиот Музеј во Загреб до 31 јануари 2010, а ја поставува Музејот на Македонија.
Многу фотографии, етно предмети, видео записи, текстови, материјали, каде се претставени обичаите и верувањата на Македонците, материјали кои ги обезбеди Музејот на Македонија, ќе можат да ги погледаат Загрепчани и сите останати посетители.
Соработката помеѓу двата музеја се продлабочи и со нивното учество во меѓународниот проект „Карневалот цар на Европа“, финансиран од Агенцијата за култура при Европската унија.

К.Л.