Среда, 18 Јуни 2014    PDF Печати Е-пошта
Македонска кинематографија

manakiФилмското производство во Македонија започнало спонтано во почетокот на XX век, како индивидуални опити на поединци кои беа фасцинирани со новиот медиум на подвижните слики. Браќата Јанаки и Милтон Манаки во 1905 година, само една деценија по појавата на филмот, со нивната 35 мм филмска камера "Bioscope No. 300", производство на Charles Urban Trading Co., ги направија првите филмски снимки не само во Македонија туку и на Балканот.

Пионерскиот подвиг на Манакиевци ќе го продолжи Арсениј Јовков, снимајќи го во 1923 година филмот "Македонија" со јасно профилирана свест за национална кинематографија. Првите обиди, пак, за организирана филмска продукција се направени во рамките на филмското одделение на Хигиенскиот завод од Скопје, кој во 1931 година започнува со сопствена филмска продукција. Пред Втората светска војна во Македонија живнува и аматерското производство на филмови.

Филмската продукција како базичен дел на институционално организираната кинематографија, во Македонија се раѓа во 1947 година со формирањето на "Вардар филм". Со основање на оваа продуцентска куќа, Македонија се здоби со своја национална кинематографија.

Со почетните скромни кадровски и технички можности производството на филмови брзо се развивало. Постопено се ширела техничката база, а голем број вработени се специјализирале за комплетирање на филмското производство. Тоа доведува до зголемување на филмската продукција, и со текот на времето, и до оспособување за производство на сите филмски видови и жанрови.

Во развојот на филмската продукција во Македонија, особено влијание одиграле филмските творци кои кон средината на 60-тите можеле да имаат статус на слободни (самостојни) филмски работници, кои потем на различни начини се организирале, се здружувале меѓу себе или, пак, соработувале со државната продуцентска куќа со склучување на посебни договори. Како резултат на овој статус на филмските автори, зачетоците на првичните приватни облици во филмското производство во Македонија се појавија за прв пат, уште во 1968 година, кога на иницијатива на неколку филмски работници била формирана Филмската Работна Заедница (ФРЗ). Така започнува конкуренција меѓу "Вардар филм", кој дотогаш бил монополска организација, и ФРЗ, што силно ја развива македонската филмска продукција и во квантитативна и во квалитативна смисла.

Со згаснувањето на Филмската Работна Заедница, продуцентски иницијативи пројавиле и "Македонија филм" и "Градски кина - Скопје", покрај единствениот "државен" продуцент "Вардар филм". Овие три институции одвреме-навреме влегуваа во копродукции.

Со развојот на филмското производство а, особено, со новите општествено-политички и економски односи по осамостојувањето на Македонија, дојде до експанзија на приватните продуцентски активности. Така од 1991 година во Македонија се оформени голем број приватни продуцентски куќи кои, со поголем или помал успех, работат и денес.

Историјата на филмографијата во Македонија започнува уште на почетокот на XX век, со донесувањето на првата камера на Балканот од страна на браќата Манаки. Иако македонскиот филм нема голема продукција, сепак остварувањата се значајни бидејќи го следат развитокот на македонскиот социо-бит.

1905

Започнува креативната историја на филмот во Македонија. Според сеќавањата на Милтон Манаки, Јанаки Манаки ја купува филмската камера "Bioscope" производство на Charles Urban Trading Co. Со таа камера во родната Авдела браќата ги снимаат првите "живи слики" не само во Македонија , туку и на Балканот . За навек ќе останат забележани нивната 114 години стара баба Деспина , жени како сноват основа за ткаење и училишен час на отворено.

1952

"Вардар Филм" го снима првиот македонски игран филм "Фросина" по сценарио на Владо Малески, а во режија на Воислав Нановиќ. Снимател бил Киро Билбиловски. Премиерата е одржана на 28 јуни во скопското кино "Култура". Владата на Македонија го оформува претпријатието за дистрибуција на филмови "Македонија Филм".

1955

Премиера на вториот македонски игран филм "Волчја Ноќ" и учество на овој филм на Филмскиот фестивал во Пула. Славко Јаневски добива "Златна Арена" за сценарио. Режисер на филмот е Франце Штиглиц.

1957

Премиера на третиот игран филм на „Вардар Филм“ , "Малиот човек" во режија на Жика Чукулиќ. Исто така снимени се и првите краткометражни играни филмови "Сонце зад решетки" на Славко Јаневски , "Бунт на куклите" на Димитрие Османли и "Подарок од веселиот молер" на Димитар Ќостаров.

1958

Снимен е првиот македонски игран филм во боја и тоталскоп техника "Мис Стон" во режија на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , следната година , Петре Прличко и Олга Спиридоновиќ добиваат "Златни Арени" за главна машка и најдобра женска улога. Филмот доби почесни дипломи на фестивалите во Единбург1960 и Њу Делхи1961 година.

1959

"Вардар Филм" снима два играни филма : "Виза на злото" на Франце Штиглиц и "Три Ани" на Бранко Бауер. Реализирана е и првата копродукција во Македонија , "Дубровски" , во режија на Вилјем Дитерле, со продуцентот "Хеспериа Филм" од Рим.

1960

Производството на "Вардар Филм" бележи мала стагнација. Освен големиот број на документарни филмови снимен е и краткометражниот игран филм "Давид, Голијат и петел" на Славко Јаневски.

1961

Премиера на два нови играни филмови: "Мирно лето", прв филм сниман од македонски режисер , Димитрие Османли, како и прва македонска филмска комедија и "Солунските атентатори" на Жика Митровиќ. На фестивалот во Пула , "Солунските атентатори" ја доби традиционалната награда на публиката "Елен" а Диме Шумка доби награда за сценографија.

1964

Снимен е филмот "Под исто небо" на Љубиша Георгиевски и Миомир Мики Стаменковиќ. Одржан е првиот републички фестивал на аматерски филмови. Отпочнува со работа Телевизија Скопје.

1965

Во продукција на "Вардар филм" снимен е играниот филм "Денови на искушение" во режија на Бранко Гапо, според драмата "Црнила" на Коле Чашуле.

1966

Одржани се премиерите на играните филмови "Денови на искушение" и "До победата и по неа" на Жика Митровиќ. Сценаристот Симон Дракул за филмот "До победата и по неа" доби "Златна арена" на фестивалот во Пула 1966 година.

1967

Реализирани се дури три играни филмови: "Мементо" во режија на Димитрие Османли , "Каде по дождот" на Владан Слијепчевиќ кој на фестивалот во Авелино ја доби наградата "Lanceno d'Oro" и "Македонска крвава свадба" во режија на Тале Попов. Никола Лазаревски за работата во овој филм доби награда за сценографија на фестивалот во Пула 1968 г.

1968

Формирана е филмска работна заедница за снимање на филмови "ФРЗ". Снимен е играниот филм "Планината на гневот" во режија на Љубиша Георгиевски.

1969

Во продукција на "ФРЗ" е снимен играниот филм "Време без војна" во режија на Бранко Гапо кој доби специјална диплома за режија во Пула 1969 година, "Сребрен медал" за режија во Авелино 1972, како и наградите "11 Октомври" за снимателот Љубе Петковски и "13 Ноември" за режисерот Бранко Гапо. "Вардар филм" го реализира играниот филм "Републиката во пламен" на Љубиша Георгиевски.

1970

Во продукција на "Вардар филм" е снимен играниот филм "Цената на градот" во режија на Љубиша Георгиевски.

1971

Една од најбогатите години на македонската кинематографија. "Вардар филм" ги реализира играните филмови "Македонскиот дел од пеколот" на Ватрослав Мимица и "Црно семе" на Кирил Ценевски кој ги освои наградите "Златна арена" за режија и "Златна арена" за најдобра машка улога за Дарко Дамевски во фестивалот во Пула , "Жар птица" на фестивалот во Москва за најдобра дебитантска режија и на фестивалот во Авелино 1972 , награда "Lanceno d'Oro". Снимен е и првиот македонски цртан филм "Ембрион No. М" на Петар Глигоровски. ФРЗ бележи уште еден игран филм "Жед" во режија на Димитрие Османли.

1972

"Македонскиот дел од пеколот" на Ватрослав Мимица добива "Златна арена" за сценарио на фестивалот во Пула , а за своите креации во филмот "Жед", Ацо Јовановски и Неда Спасоевиќ се наградени на фестивалот на актерски остварувања во Ниш. Во продукција на ФРЗ е снимен играниот филм "Истрел" во режија на Бранко Гапо.

1973

Уште еден игран филм во продукција на ФРЗ: "Колнати сме Ирина" ("Татко") во режија на Коле Ангеловски. На фестивалот во Пула композиторот Томислав Зографски доби "Златна Арена" за музиката во овој филм.

1975

Премиера на филмот "Јад" во режија на Кирил Ценевски. За снимателската работа во овој филм Љубе Петровски добива "Златна арена" на фестивалот во Пула. Филмот добива и "Специјална награда" на фестивалот во Карлови Вари во 1976.

1976

Почнува со работа Кинотеката на Македонија. Премиера на играниот филм "Најдолгиот пат" на Бранко Гапо кој на фестивалот во Пула добива "Голема сребрена арена" а Киро Билбиловски "Сребрена арена" за камера.

1977

Снимени се два играни филма: "Пресуда" на Тале Попов и "Исправи се Делфина" на Александар Ѓурчинов, кој покрај "Бронзената арена" за режија и "Сребрената арена" за главна женска улога на фестивалот во Пула, освои и повеќе меѓународни признанија.

1979

Документарниот филм "Дае" на Столе Попов е номиниран за Оскар, а претходно стана лауреат на Фестивалите во Белград и Оберхаузен. Жиријата во Мелбурн 1979 и Лондон 1980 година му доделија специјални награди.

1980

Два нови македонски играни филмови: "Време, води" на Бранко Гапо и "Оловна бригада" на Кирил Ценевски, кој на фестивалот во Пула доби "Златна арена" за снимателска работа на Мишо Самоиловски.

1981

Играниот филм "Црвениот коњ" на режисерот Столе Попов на фестивалот во Пула освои "Златна арена" за сценографија на Властимир Гаврик.

1982

Снимен е играниот филм "Јужна патека" во режија на Стево Црвенковски.

1984

Снимен е филмот "Нели ти реков" на режисерот Стево Црвенковски , а во реализација на Вардар Филм и Телевизија Скопје.

1985

"Јазол" - уште едно играно остварување на Кирил Ценевски. За тонското оформување на филмот, на фестивалот во Пула, Глигор Паковски доби "Златна арена".

1986

Голем успех на филмот "Среќна Нова '49" на Столе Попов. Има добиено многу награди од кои: "Голема златна арена", "Златна арена" за најдобро сценарио, "Златна арена" за најдобра споредна машка улога на Душко Костовски, "Златна арена" за музика на Љупчо Константинов на фестивалот во Пула, на Нишките средби награда за најдобро актерско остварување на Мето Јовановски, награда за најдобар актер натурш-чик на Кире Симоновски, "Златна плакета" за сценографија" на Никола Лазаревски во Младеновац и многу други.

1987

Играниот првенец на режисерот Владимир Блажевски, "Хај-Фај" на фестивалот во Пула доби две "Златни арени" за режија и за монтажа на Петар Марковиќ.

1988

Втора комедија во македонската кинематографија: "Викенд на мртовци" во режија на Коле Ангеловски.

1991

Играниот филм „Тетовирање“ на режисерот Столе Попов на фестивалот во Херцег Нови добива прва награда за режија, "Златна мимоза".

1993

ТФРЗ "Пегаз" го реализира својот прв игран филм "Македонска сага" во режија на Бранко Гапо. На меѓународниот фестивал на филмската камера "Браќа Манаки '93" снимателот Владимир Самоиловски ја доби наградата за дебитантско остварување.

1994

Голем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" на режисерот Милчо Манчевски стана лауреат на филмскиот фестивал во Венеција, освојувајќи го "Златниот лав". Филмот набргу доживува успех на сите фестивали каде е прикажан. Најголем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" е номиниран за Оскар во категорија на не-англиско говорно подрачје. Освен таа номинација , филмот продолжува со жетва на награди на голем број филмски фестивали низ целиот свет. Димитрие Османли го реализира играниот филм "Ангели на Отпад".

1997

Премиера на играниот филм "Gipsy Magic/Џипси Меџик" на Столе Попов. Исто така снимен е и првенецот на режисерот Антонио Митриќески "Преку езерото".

1998

Младите режисери Александар Поповски и Дарко Митревски го реализираат својот прв игран филм под работен налов "Wake up dead man" а официјален "Збогум на 20тиот век" . На различни локации во Скопје, Амстердам, Њујорк и Истанбул е снимен и играниот првенец на Ацо Станковски, "Маклабас". Ацо Станковски се јавува како режисер и сценарист на филмот.

1999

Се одржува премиерата на играниот филм „Време, живот“ во продукција на „Носталгија филм“ и МРТВ (сценарист е Русомир Богдановски а режисер Иван Митевски). Во фаза на реализација е и долгометражниот експериментален филм „Судијата“ на Жанета Вангели во македонско-германска копродукција.

2000

Премиерно се прикажани долгометражниот игран филм „Омнибус А“ (продукција „Вардар филм“, режисери Маја Младеновска, Огнен Димитровски, Борјан Зафировски и Марија Џиџева) и документарните филмови „Копнеж по глината“ (продукција „Пегаз“, сценарио Мите Ноневски, режија Љупчо Тозија) и „Богородица 90“ (продукција „Вардар филм“, режија Лаки Чемчев), како и документарниот филм „Вета“ (продукција „Небото е лимит“, сценарио и режија Теона Митевска).

2001

Филмот на Милчо Манчевски „Прашина“ го отвори фестивалот во Венеција. Премиерно е прикажан филмот во македонско-белгиско-француска копродукција „Одмазда“, во режија на Јан Хинтјенс и Слободан Деспотовски, кој е воедно и сценарист на филмот.

2002

Играниот филм „Како лош сон“ во режија на Антонио Митриќески влезе во постпродукција. Започнува снимањето на играниот филм „Тајната книга“ во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Финални подготовки пред почетокот на снимањето на играните проекти „Глува куќа“ во режија на Иво Трајков, како и на филмот „Како убив светец“ во режија на Теона Митевска.

2003

Играниот филм „Како лош сон“ на Антонио Митриќески ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Монтреал. Играното деби на Теона Митевска „Како убив светец“ се прикажа на фестивалот во Ротердам, додека краткометражниот игран филм „Бубачки“ на Игор Иванов-Изи влезе во офоцијалната конкуренција на 54. Берлински филмски фестивал. Започна снимањето на „Година на надежта“ на Светозар Ристевски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски.

2004

Исклучително плодна година за македонската кинематографија. Беа реализирани 4 долгометражни играни филмови: „Како убив светец“ на Теона Митевска, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Илузија“ на Светозар Ристевски и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски. Играното деби на Сергеј Станојковски, филмот „Контакт“ влезе во пост продукција. Започна снимањето на краткиот игран филм „Просечна брзина“ на режисерот Наум Михајловски.

2005

Македонската кинематографија бележи две филмски остварувања: краткиот игран филм "Остани исправен" на Кристијан Ристески, со премиера на Скопскиот филмски фестивал и играниот филм "Контакт" на Сергеј Станoјковски, со кој се затвора филмскиот фестивал "Браќа Манаки" во Битола.

2006

Започнува снимањето на филмот „Коски“ на Милчо Манчевски, на локации во Скопје, за чији потреби е изграден речиси цел филмски град.

Надворешни врски

  • Македонски информациски филмски центар
Животот и делото на Браќа Манаки
 

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.