Среда, 08 Јануари 2014    Печати
...За царот Самоил

 

„Градбата се држи на темелите. А има ли поцврста градба, ако каменот почетник е ликот на градителот“?

car-samoilМакедонската историја е преполна со знаменити цареви и царства од најдревни времиња на продолжена линија на династии. Сите тие, неколку илјади години ја потврдувале славата на Македонија.

Династиите на Филип II, Птоломеите, Селеуките, Антигоните, Константиновата и Јустинијановата династија, Васил II и Самоил, Комнените, Крале Марко, Војводите, сите Македонци, биле градители на градови, цркви, манастири, патишта, тврдини и сите оставиле зад себе дела со непроценлива вредност во статуи, мозаици, фрески и ковани монети како мали ремек дела. Тие остатоци од македонската култура блескаат од Охрид и од археолошките ископини низ сите македонски градови.

Самоиловата Македонска држава, најголема во средниот век, се посведочува со тврдини во Охрид, Преспа, Прилеп, Скопје, Струмица, Лариса, Воден, Солун, Дубровник. Тоа што сèуште го гледаме околу нас од тоа време и на целата територија наречена Византија, тоа се местата на христијанска Македонија, колевка на црковното писмо, кирилицата, светците, житијата, фреските и црквите што се проширувале низ целиот Православен свет. Охрид и Цариград се светските престолнини на македонската династија нарекувана Василевси што значело сончева сила во лицето на царот.

Кнезот Никола со Цимиски и Васил II ги определил границите на владеење во Македонија. Четирите синови на Никола: Арон, Мојсеј, Давид и Самоил го наследиле таткото и неслогата со своите први роднини од Цариград. Самоил се покажал како најсилен владетел, се крунисал и започнал да се спротивставува на царот Васил II. Директно се судрил со него, водејќи братоубиствена војна.

Царот Самоил набрзо го обединил Македонското царство во силна држава со големо влијание врз културата на Православниот свет и писменоста. Охрид со својата Архиепископија и првиот Универзитет во Европа, црквта Св. Софија и другите цркви за секој ден во годината и како богата престолнина не само на Самоил, Охрид бил престолнина и на син му Радомир, Јован Владислав и други потомци. Истражувањата покажаа дека сите царски лози низ Европа влечат наследен ген од Самоила, особено руските цареви украсувани со македонски круни, жезла и други царски украси. Така Самоил се појавува како сврзувачко ткиво во македонската историја. Го јавал коњот и ја предводел војската со исто оружје, на исти места како и Филип II со борба потврдувајќи ги границите на Македонија.

Трагичните настани по братоубиствените војни со Васил II од Цариград, исто така смел воин од Македонската династија, не ја намалиле славата на Самоил и неговите војници овековечени во фреските на манастирот во Водоча. Многу се речити и Самоиловите тврдини во секој град на средновековната македонска Самоилова држава. И карпите над езерото во Охрид како да го врежале ликот на Самоила да го потсетува народот на сите војни и страдања за Македонија.

Ангелина Маркус