|
||
| Историјат на македонската драма |
|
Делата на Никола Киров Мајски Неговиот прадедо од с. Свињишта, Охридско се доселил во Крушево. Роден е во Крушево на 28 јуни (с.с.) 1880 година. Основното образованиего завршил во родниот град, а гимназија учел во Битола, каде после ученичкиот бунт во 1898 година против егзарсиската администрација и против владиката Григориј, заедно со други 17 ученици е исклучен. Потоа гимназијата ја завршил во Солун, па му се посветил на учителствувањето. Во 1903-4 година станува учител во селото Баница. Во сите места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија. Илинденското востание го затекна во родното Крушево, во кое зел активно учество како секретар на штабот на крушевските востаници и бил еден од блиските соработници на Н.Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градовите Ифтиман (Бугарија), Дебар, Голо Брдо и Корча. По Втората Балканска Војна своето семејство го префрлил во Бугарија. Потоа завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник, а потоа се занимавал и со други дејности. Бил назначен за директор на училиштата во Охрид, Дебар и Ресен (1909-19013). По војните емигрирал во Бугарија каде се оддал на политичка и книжевно-издавачка дејност. Оставил доста историски трудови, како: „Со поглед кон Македонија“, „Крушево и неговите борби за слобода“, „Епопејата на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и други. Познат е и како драмски писател и поет. Никола Киров Мајски бил културно-национален и просветен деец, историограф, револуционер, книжевник, драмски автор, раскажувач, поет и мемоарист од Крушево. Во 1923 година, како сопствено издание ја објавува драмата „ИЛИНДЕН“ напишана на македонски јазик во која го составува Крушевскиот манифест. По Втората Светска Војна се населил во Софија и одушевен од создавањето на македонската држава неколку пати ја посетил и пишувал драмолетки на македонски јазик што ги изведувал на сцената на крушевското братство во Софија. Починал токму на Илинден во 1962 година, оставајќи повеќе необјавени дела помѓу кои и 13 драмолетки ”Сценки”. Биљана Петрова |