Среда, 05 Јуни 2013    Печати
Традиционална годишна изложба на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ - Скопје

 

godisna-izlozba-1

Отворање на 05.06.2013 год.( среда) во 20:00 часот

Галерија „Лазар Личеноски“ во училишната зграга.

На овогодишната завршна изложба ќе бидат претставени најновите достигнувања на учениците во изминатата учебна година, акцентот ќе биде на овогодишните матуранти и нивните завршни дела.

Од неодамна во училиштето се извршија суштински промени во наставната структура , покрај одделите Сликарски дизајн, Вајарски дизајн, Керамички дизајн, Графички дизајн, Дизајн на ентериер, мебел и индустриски производи, Дизајн на текстил и облека, се оформи и нов оддел Мултимедиски дизајн за кој наставата ќе започне од септември со почетокот на новата учебна година.

Со ваквата промена во структурата на образовниот процес и со промена на постоечките наставни програми со нови училиштето станува лидер во сферата на дизајнот и новите технологии и начини на изразување во уметноста.

Училиштето постои веке 69 години за време на овој период има претрпено многу промени во однос на програмата за работа и наставата, секогаш водејки сметка за осовременување на истата. Делата кои ке бидат покажани на годишната излозба ке посведочат за тие промени во наставниот процес и напредок.

Училиштето до неодамна беше сместено во стари и дотраени бараки. Во текот на 2009 се започна со градба на нов објект, но градбата наиде на застој. Сепак, проблемот беше надминат и денес уметничкото училиште е сместено во нов современ објект во центарот на градот.

Ке ни биде чест доколку ги споделите убавите моменти на уметничките дозививања на 05.06.2013 год. (среда) во 20:00 часот.

www.lazarlicenoski.mk

Срдечно

ДСУЛУД „ Лазар Личеноски“ Скопје

godisna-izlozba-2

godisna-izlozba-3

godisna-izlozba-4