Среда, 06 Март 2013    PDF Печати Е-пошта
Македонскиот рубин е национална скапоценост

nakitМакедонскиот рубин го носат голем број познати ѕвезди од светот на филмот и на музиката. Примерок од нашиот рубин имаат Дерил Хана и Катрин Денев, кои гостуваа на фестивалот „Браќа Манаки“. Македонски рубин има и папата во Ватикан, како и голем број државници кои биле во посета на Македонија.  Деан Шкартов – Деко открил дека го има кај нас. Развил технологија на негова обработка и го комбинира со филигран.

Шкартов во 2002 година ја отворил првата продавница за кристали и за скапоцени камења. Во почетокот промовирал кристали и камења од странство. Продавал кристали од некои светски наоѓалишта. Меѓу нив бил малахитот од Африка, жадот од Јужна Америка и други скапоцени и полускапоцени камења од странство.

- Во светот постојат одредени области специфични по некој минерал, кој може да стане имиџ за земјата во која има такви наоѓалишта. Таков е примерот со австралискиот опал, со чешкиот гранат, со тиркизот од Аризона, ахатите од јужна Америка – вели Шкартов.

По извесно време самите муштерии почнале да му бараат кристали и камења, кои ги има во нашата земја. Оттука и идејата да промовира некој наш минерал. Индикации за постоењето на македонскиот рубин имал уште во 90-тите години. кога живеел и работел во Италија. Тогаш и почнал да ја осознава структурата на кристалите и на благородните камења.

- Периодот кога ја отворив првата продавница за минерали беше во ек кампањата „Купувајте македонски производи“. Често се случуваше да ме прашаат дали има некој минерал од Македонија. Тогаш некако со потсмев гледав на тие прашања. Си мислев дека не е можно волку мала земја да има наоѓалишта какви што има во големите земји. Шкартов бил сомничав и поради неинформираноста на луѓето за минералите.

-  Таа муштериите ги става во некакви рамки, па за секое црвено камче мислат дека е рубин, за секое зелено - дека е жад, а  за секое сино дека е сафир. Затоа и бев скептичен дека македонскиот рубин, кој има светло розова боја, ќе биде прифатен кај муштериите - открива Шкартов.

- Потоа се прашував ако овој природен минерал што го има во Прилепско е навистина рубин, зошто досега не бил откриен и промовиран – вели Шкартов, кој направил неколку светски анализи на рубинот. Тие покажале дека македонскиот рубин не е со највисок квалитет, но сепак е рубин.

- Рубинот е еден од четирите најпознати скапоцени камења во светот. Кај нас досега немало традиција на обработка на овој минерал. Во минатото позастапено било кујунџиството и изработката на метал, но не и на изработката на скапоцени камења.
Откако Шкартов дознал дека имаме рубин, постојано се информирал и истражувал. Така стигнал до македонскиот рубин. Тој во 2008 година го заштитил името македонски рубин.

- Овој минерал Шкартов до перфекција го обработува во својата мини-лабораторија. При обработката, освен искуството стекнато во Италија внесува и многу љубов. Најчесто го комбинира со филигран – сребро, но и со бело злато и со злато.

Според него, Македонија е пребогата со ретки минерали, кои земјава може да ја направат уште поспецифична. Но за тоа е потребна и голема промоција кај нас и во странство. Амазонитот е следниот македонски камен, кој треба да стане препознатлив скапоцен камен од Македонија.

- Конечно можеме да си ги заштитиме овие богатства и по извесно време светот да нe препознава по нив – вели тој.

Шкартов открива дека од земјава со децении се изнесувале минерали, кои биле нудени на светските берзи. Тогаш не се обрнувало големо внимание на изнесувањето на минералите од кај нас зашто во сферата на рударството и минералогијата првенствено било задоволувањето на индустриските потреби. Тогаш не била развиена свеста за промовирање на земјата преку јувелирските минерали.

- За геолозите највоодушевувачки момент е кога ќе најдат скапоцен или полускапоцен камен. Македонскиот рубин е единствен во регионов – вели Шкартов. 

Тој потекнува од метаморфните доломити, создадени во периодот прекамбриум - од почетокот на создавањето на планетата до пред 600 милиони години. Тоа се едни од најстарите карпи. Шкартов неодамна отвори уште една продавница за кристали и полускапоцени камења во центарот на Скопје.

- Се надевам дека од ова култно место - „Рекорд“, кое беше собиралиште на голем број генерации, ќе успеам да ја ширам приказната за македонскиот рубин. Би сакал таа од срцето на градот да допре до целиот свет – вели Дејан Шкартов.

Светлана К. Симоновска

Превземено од Дневник
 

На прво место

News image

МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради ек...

Иселеници

News image

МАСЛИНОВАТА ГОРА И ЕРУСАЛИМ (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

СИЛЈАН МИЦЕВСКИ - ИЗБРАН ЗА ПРВ ГРАДОНАЧАЛНИКНА БИТОЛА ВО 1996 ГОДИНА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВС...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА И СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА (4)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.