Среда, 27 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
Охридските тајфи ...од нашето минато

ohridska-tajfaВо то време Охрид имаше две тајфи. Па јас памтам, ја сум негде триесет и петта година роден, Садило си постоеше уште од тогаш јаса ко осознајф за мене, ко знам за себе јаса го памтам Садило со тајфата. Едната беше тајфата на садило другата беше тајфата на К’ркул.

Садило живееше во варош, а Кркул живееше долу Месокастро, овај Кочишта, ама тајфата од садила беше многу поуба и покомплетна. Тие беа пет души и карактеристични беа шо двајца меѓу ними свиреа од лево, супротно од сегашниве виолини шо свирет, од другата страна, со левата рака свиреа. На виолина беше Садило, беше Наум Курте и беше Паско Пепелко на ут, Чочег беше на дајре, и Катил, и тој беше на виолина. Значи имаше три виолини, еден ут, понекојпат и два утој земаа уш еден ут и дајре. То беше такамот, такамот на Садило беше тој, ама беа ногу убави. Тие свиреа само во Охрид. Тие свиреа почни од Струга, па Охрид, па ресен, па Битола, па дури Одеа Дебар, ама беа како да кажам, ногу уба тајфа. Ко че почнеа да свирет, то беше мило да ги слушаш и шо беше важно свиреа све староградски охридски песми. И знајте шо, едно е карактеристично за нив, пример, ко ќе имаше свадба, ќе е земеа невестата и е носеа, тогаш се земаше невеста и невеста се носеше од десно; ќе одефме од една страна а после по истата не се враќафме, мораше сфе десно да се одит да се донесит во куќата на младенецот. И тие кај ќе поминеа пред некоја фамилија охридска, тије му ги знаеја песмите, на секоја охридска фамилија, тије му ги знаеја песмите. И ко ќе поминеа покрај куќата кај шо беше зетот или по патот кај шо одеа, му е знаеја песмата и ќе почнеа да му ја свират та песма што му беше нифна, а тие си имаа песми, пример како Џоџевци си имаа „Бог да бие Русе твојта мајка“ Зарчевци си имаја: „Ќе ме грабит нане тој Никола од Зарчета“. Попстефановци беше песмата „Бор садила мома Евгенија“. И сега шо се десвит! Ко ќе поминеа пред тие куќи, газдата или домаќинот излегвеше и даваше некој динар, на свирачите даваше некој динар, а жена му нифна излегвеше со табака. Во табаката имаше вино, ракија, и леблебија, шо било, шо дал Господ шо се викат и така беа почастени. Ќе поминеше кај некоја друга фамилија – пак друга песма, така да го познаваше Охрид убаво, и така тој свиреше за секоја фамилија.

Ако е невестата од Варош, ако е на пример Месокастро, ако е Долна мала, а зетот је горе, имаше обичај да се поминит по чаршија со то да се кажит на Охрид дека некојси охриѓанец прајт свадба и се поминвеше со невестата.. Е како! Музиката одеше напред и свиреше, а позади-музиката невестата и сватојте. Сега, ќе поминеше по чаршија, народ ногу, ќе поминеше од кај чинарон навака и сите еснафи, сите кафеанџите кој работа, ќе излезеа со табаките, то беше интересно, ќе излезеа со табаки, ќе ја запреа поворката и ќе и почестеа со табаката вино, ракија, шо имат, ќе ја испееја тука песмата нивна, оту знаеше Садило ќоја песма од кој е. И ќе поминеше на пр. Ке Мостровци тука и Мостровци ќе излезеа со табака со вино, со ракија, ајде подолу Андон Радич ќе излезеше, ајде повака еден Турчин имаше кафана, и тој ќе излезеше со табака и тека ќе свртефме од по чаршија и после ќе е однесефме дома.

Садило не одеше само на свадби. Кај да се запејт  Садило таму беше. Дали стројој, али вршечки, или зборој давајне, или имина, или слави во Охрид шо беа,. Садило беше прв.
Садило имал еден син кој свирел на виолина. Меѓутоа од кој причини не зџнам, починал, така на местото на синот доваѓал Катил, Катилот друга виолина свирел и шо е друго важно. Садило одел и ма турски свадби. Ко ќе одел на турски свадби го земал Мемед, а тој Мемед бил еден Турчин кој свирел на лаута и така да Садило не одел само на македонски свадби. Садило одел и на турски свадби. Мемед пеел многу убаво, ама и свирел убаво на ут, така да појачање го земал да му пејт турски песми. Значи тие ги знаеле и турските песми? Како да не тие оделе и на турски свадби и то ногу не малу. А како било то после една недела од смртта на синот? Садило викал „Шо да прам викат, умре, синот, умре, ама требет да се работат, требит да се живит.“ И после една недела си продолжил, а син му умрел млад.
(К. Поп Стефанија, 1935)

Климе садило прв свирач, прочуен. Ама едно дете му умре, Димче се викаше, младо двајстипечес години, младо беше. После некоја свадба имало и го викале и тој ошол, и знајш жени како не му било жал шо закопал. А тој велел: Од то живеам, морам да одам не да сакам да пеам.
(С. Мишева, 1920)

Од книгата „Така се зборува во Охрид“ приредиле Лилјана Гушевска и Лилјана Минова-Ѓуркова, Скопје 1999.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи изгореа за некој да произв

Милошоски за несреќата во Бугарија: Ова е организиран криминал и трагедија, дали 45 луѓе живи из...

Историја

News image

Македонска федеративна организација

Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организаци...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА георги (ЏОРЏ) томов - i ДЕЛ (7)

Денес Њујорк е најголем центар на американската меѓунаро...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ГОЛЕМАТА БИТКА ЗА ГРАДОТ ТИР И ЗНАЧАЈОТ ЗА ИДНИНАТА НА ОСВОЈУВАЊЕТО НА АЗИЈА ЗА АЛЕКСАНДАР (10)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претставим...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.