|
||
| Беше си биле... Школи во Македонија |
|
Ангелина Маркус
Светлината останала во Македонија за да биде света земја и Македонците да се нарекуваат свети луѓе, да ја шират светлината по светот просветлувајќи многу народи со Александровите походи и ширењето на Православието од Библијата. Учените луѓе од Македонија и денеска се барани по сите континенти како способни луѓе на просветата во Македонија. Никој учен не се родил, затоа пак штом се родат децата одма учат како да преживеат. Детскиот ум се полни со впечатоци и богат емоционален живот. Оди во школо, чита, пишува и чекори во развојниот сложен процес на човештвото пренесувајќи ја генерациската меморија врз поколенијата како повторување и усовршување на цивилизациите. Во дамна дамнина низ Македонија на карпи, на печати, на плочки, останале пораки во вид на знаци, симболи, цртежи и писмо. Останале траги од школи, учители, ученици, следбеници. Ние сме тие потомци на славните Македонци. Многу одамна македонските школи биле на глас низ целиот тогаш познат свет. Тоа биле гиманзиуми како сегашните гимназии за општо образование.Тоа биле Лицеуми како военни училишта за племство. Симпозиумите се организирале за научна расправа со дискусија како и сега музеите ја чувале инспирацијата за творештво во уметноста. Сите тие школи ги обогатувал Аристотел со библиотеки во секој град. Имал свои ученици, соработници и следбеници, еден комплетен образовен систем каков што е и денеска во светот. Сите овие Аристотелови школи ја имале царската поддршка на Филип II и Александар Македонски. Затоа македонските школи ги сретнуваме покрај царските палати. Царот во Македонија секогаш бил најучениот човек и научникот, филозофот и лекарот секогаш биле царски луѓе. Тие заедно се дополнувале градејќи логичен метод, вистинит и траен. Факелот на огнот не ја осветлувал патеката во спортот туку духовната патека на знаењата стекната низ школите во Македонија. Цената на просветувањето ја платија маките на Прометеј откако ја прифатија Македонците. |