Култура и туризам

Манастир „Св. Никола“ – Слепче

Isus_slepche

Дел од живописот на арките од лаците на нишите

Isus_slepche
Деисиз каде Исус Христос седи на трон

Natpis_oltar_slepche
Графика од олтарот

Natpis_vlez_vrata
Натпис на влезната врата

Манастирот посветен на Свети Никола во селото Слепче, прилепско, била изградена во 1673 година од страна на еромонахот Михаил, но се спомнуваат и имињата на повеќе еромонаси и монаси кои се забележани на натписот врз мермерната плоча вградена во нишата на проскомидијата. Но, постои и друг натпис над влезот од црквата од внатрешната страна кој пак вели дека црквата била соѕидана и зографисана во 1674 година. Понатаму во натписот е забележано дека ктитори на црквата биле игуменот на манастирот Свети Никола, Сергија еромонах, Никифор еромонах и Кирил монах, Јаникија монахиња и повеќе световни лица.

Црквата Св. Никола е мала, еднокорабна, типичен пример на црква од XVII век во Македонија. Фасадите се без декорации, покриена на две води, со мали отвори на источната и јужната страна и со единствен влез на западната страна. Внатрешните ѕидови на црквата се покриени со фрескоживопис во 1674 година, а најверојатно зографите на фреските се самите ктитори, игуменот на манастирот, еромонахот Сергија и неговиот ученик еромонахот Михаил.

Јужно од влезот во црквата во прва зона се насликани двата ктиторски портрета кои го држат моделот на црквата и пригоден  текст во кој се спомнува годината на изградбата и осликувањето на црквата како и имињата на ктиторите Сергија и Михаил. Живописот во црквата е поделен на три зони и еден фриз во наосот и повеќе фигури и други илустрации во олтарниот простор. Во првата зона на наосот, на јужниот ѕид, значајно место зазема секако патронот на црквата Свети Никола претставен како седи на архиерејски стол. Пандан на оваа фреска на северниот ѕид е прикажан Деисиз каде Исус Христос седи на трон, а лево и десно од него се Богородица и Св. Јован Претеча. Првата зона ја исполнуваат мноштво фигури во цел раст; светите ратници, испосници и маченици, двата Архангела и народните лекари – врачари Кузман и Дамјан како и цар Константин и царица Елена. Сцените и композициите на Богородичниот акатист претставени се на јужниот и северниот ѕид од втората зона. Зографите насликале 23 сцени од вкупно 25 строфи што ги содржи Акатистот, односно поделени се на 12 икоси и 11 кондаци. Изоставени се Благовештението второ и Опсадата на Цариград. Христовите маки како циклус се илустрирани во третата зона на јужниот и северниот ѕид – Христос пред Пилат, Исмејување Христово, Носење на крстот, Качување на крстот, па се` до Воскресение Христово и Неверството Томино кои завршуваат во олтарниот простор. Големите празници и претходниот циклус почнуваат од олтарниот простор на јужниот ѕид во четвртата зона и завршуваат на северниот ѕид. Илустрациите започнуваат со композицијата Рождество Христово и завршуваат со Воскресение Христово на северниот ѕид во олтарниот простор на четвртата зона. Олтарниот дел го исполнуваат светите архиереи на Божествената литургија, Богородица Ширшаја, Причествувањето на апостолите и светите архиѓакони, а во проскомидијата е претставен Христос мртов. Иконостасот претставува богато резбарско и иконописно остварување, а свој потпис на резбарските и сликарските работи на царските двери оставил игуменот на манастирот еромонахот Сергија. Исто така, престолните икони Богородица со Христос и Исус Христос, како и чинот на 12-те апостоли се изработени во време на споменатиот игумен Сергија.

Митревски, Н. Манастирот Слепче кај Прилеп. Прилеп, 2001

Ќорнаков, Д. Македонски манастири. Скопје, 2009, 145-150;

Nikolovski, D. Macedonian Woodcarving. Skopje, 2009, 107-111, ill. 73; Nikolovski, D. The Icon Painting in Macedonia. Skopje, 2010, 101, ill. 130

Ќорнаков, Д. Иконостасот од манастирската црква „Свети Никола” во село Слепче (Прилепско). Пелагонитиса, бр. 5/6, Битола, 1998, 102-107;

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top