Среда, 12 Април 2023    Печати
На Светиот гроб- Гробот на Исус Христа-Ноември 2011г.

1po1

На Светиот гроб- Гробот на Христа

Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е мала, посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб.

Според Библијата, Јосиф од Ариматеја, кој цел живот го правел својот гроб, му го отстапил на Исус, каде е пренесено телото и на влезот е ставен камен.

На ова место владее совршена хармонија, црквичката е во полутемница, од надвор не насликана, со сива боја и архитектура со спирални столбови.

Пред влезот во гробот од обете страни стојат големи свеќници, кандила, а слики на сите апостоли го засенуваат влезот на гробот.

Од левата страна стои свеќата на вечниот оган, на кој се пали сноп од 33 свеќи кои ги симболизираат годините на Исус кога бил распнат и веднаш се гасат во посебно метално ѕвоно. Се чуваат како реликвија и се палат во посебни прилики или се поклонуваат на кумовите и пријателите.

Потоа, влегуваме во малата просторија, Капела на Ангелот, ги наведнуваме главите под преубавиот отвор од изработена слонова коска,  во висина од околу метар и половина, за да влеземе во просторијата на Гробот на Христа. На ѕидот има икона на Богородица зад која впрочем се крие каменот на вистинскиот гроб.

po-stapkite-na-mesijata-9-1

po-stapkite-na-mesijata-9-2

po-stapkite-na-mesijata-9-3

po-stapkite-na-mesijata-9-4

po-stapkite-na-mesijata-9-6