Среда, 28 Декември 2011    Печати
Гора

Gora-kartaГора е географски регион кој се наоѓа помеѓу Лјума и Полог.

Географскиот регион Гора се протега од планините Коритник на север, на југ од Торбешки мост.

Во крајниот југозападен дел на Косово има околу 18 села распослани на јужниот дел на северозападната падина на Шар Планина) и североисточниот дел на Албанија 9 села. Регионот е планински со густи зимзелени шуми (гори) и низ него протекува реката Бел Дрим, а во делот под Косово се наоѓа изворот на реката Црн камен, притока на Радика.

Гора

Планинска област што се наоѓа помеѓу планините Шар, Кораб и Коритник, во горниот тек на реката Љума, лева притока на реката Бели Дрим. Површината изнесува 433км². Од нив во Косово се 385,6км². Најголем простор е покриен со пасишта - 303км², што овозможило да се развие сточарството, главно овчарство.

Поголемиот дел Горани се Македонци од муслиманска вера.

Во Косовскиот дел на Гора живеат околу 25.000 жители во најголемо мнозинство (околу 82%, според тврдењата на здружението на Македонците од Гора во Албанија) Македонци со муслиманска вероисповед познати под името Горанци кои говорат македонски јазик.

Поради тешко пристапниот предел населението на Гора (особено во Косово) константно се намалува, па така од некогашните 25.000 жители на косовскиот дел на Гора денес живеат околу 15.000 жители. Горани (Горанци) од Гора често мигрираат во Република Македонија, а 10.000 од нив имаат и македонски државјанства.

Потеклото на населението во поголем дел е староседелско.

Села во Гора (Косово) се: Драгаш (претставува седиште на истоимената општина), Рестелица, Горна Рапча, Долна Рапча, Крушево, Брод, Диканце, Орќуше, Долни Крстец и Горни Крстец (Крстец), Млике, Глобочица, Бачка, Зли поток, , Лјубошта, Радеша, Лештане, Кукаљане, Враниште.

Села во Гора (Албанија) се: Шиштавец (Шиштеец), Борје, Орешек, Црнелево, Оргоста, Кошаришта, Запот, Пакишта и Ново Село.

Горанци живеат и во две села во Тетовско - Урвич и Јеловјане.

Селото Урвич се наоѓа во западниот дел на општината Камењане, под југоисточната падина на Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1120 метри. Во селото живеат 811 жители кои по националност се Македонци муслимани познати како Горанци, но за жал се попишуваат како Турци и Албанци поради својата исламска вероисповед.

Јеловјане се наоѓа на 1200м надморска височина на падините на Шар Планина и е последно населено место во тој дел на Шар Планина према Косово. Атарот на Јеловјане на Исток се граничи со Горна Палчишта, Долна Палчишта, Новаке, Листец и Попова Шапка, на jуг со Камењане, на запад со Урвич и Ново Село 2, на Север неговиот атар е се до границата со Косово

Јеловјане во почетокот на XX век и после повлекувањето на Османлиската империја е зафатено од поголем бран на миграции така денес граѓани на Јеловјане и нивни потомци имат мигрирано низ цела Македонија и цел Свет, поголеми миграции се забележуваат во екот на Балканските војни и миграцијата вонглавно тече кон Турција но има семејства кои имаат мигрирано во Бугарија, Грција, Романија, потоа во градовите Тетово, Скопје. Втор бран на миграција се случува после прва светска војна. Трета поголем бран на миграција се случува по втората светска војна вонглавно кон Турција. Во последните дестина години исто така Јеловјане е зафатено од голема миграција кон внатрешноста на Македонија вонглавно од економски причини.

Жителите на Јеловјане во мал дел се занимаваат со сточарство и планинско земјоделие, повеќето од ова население се занимава со занаетчиство како бурекџии, слаткари, и слично. во Јеловјане од трговски субјекти моментално е застапено само угостителството, населението исто така е печалбарско и својата егзистенција ја обезбедува од печалбарство. Под печалбарство се мисли внатре во границите на Р. Македонија, а мал број надвор.

Јеловјане во моментов брои околи 1300 жители од кои што постојани во Јеловјане живеат околу 599 жители. По националност Јеловчани се изјаснуваат како Горани.

Македонците што живеат во делот на Гора што припаѓа на Албанија се организирани во свое македонско здружение кое е во најтесна соработка со здруженијата на Македонците од Мала Преспа и Голо Брдо и преку заеднички активности се залагаат за поголеми малцински права на Македонците во Албанија. Во 2005 година здружението на Македонците од пределот Гора во Албанија достави барање до албанската влада за воведување на македонскиот јазик во училиштата во селата во Гора.

Состојбата со Македонците од делот на Гора што припаѓа на Косово е многу тешка бидејќи тие се под секојдневен голем притисок на претставниците на Србите и Бошњаците (а во последно време се почесто и од Албанците) од Косово, да се изјаснат како Срби или Бошњаци. Врз Горанците се поголеми притисоци вршат и Бугарите кои имаат за цел да прикажат дека во Косово живеат и Бугари со муслиманска веросиповед.

Актуелна е состојбата на изградбата на граничниот премин Стрезимир - Рестелица помеѓу Македонија и Косово, за кои Горанците сметаат дека ќе им се овозможи поголеми врски и контакти и полесен пристап до нивната матична земја.

Етимологијата на зборот „Гора“ е со значење „планина, планински“.

Исламот прв пат се појавува во Гора во 1690 година.

Првото село што целосно се исламизирало, било селото Крстец, а последното село било селото Брод. Последната христијанка, Божана, умрела во селото Брод во 1856 година.