Среда, 23 Јуни 2021    Печати
По стапките на Месијата (4) Кармелиски манастир

Кармелиски манастир (ОЧЕ НАШ)

 

mane-izraelМане Јаковлески

 

Кармелискиот манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим.

Црквата се нарекува Елеонска и се наоѓа над пештерата, за која се верува дека повторно ќе  се случи вознесението.

На ова место, Исус за последен пат ги собрал своите апостоли и ги научил на Молитвата “Оче Наш“.

Текстот на молитвата е испишан на скоро сите светски јазици, на керамички плочи врамени со шарени венци од цвеќе, поредени една до друга на ѕидовите на црквата, под тремот и во дворот. Тоа е целиот свет, во мало издание кој го спојуваат зборовите на една иста молитва.

Во Кармелискиот манастир, кој се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим, досега се поставени 161 плоча со текст на молитвата на различни јазици, а македонската е 155 по ред.

После поставувањето на  нашата, плочи се поставени на уште шест други јазици.

Молитвата “Оче Наш“ на Македонски јазик се наоѓа од десната страна на ѕидот, пред самиот влез во храмот. Со гордост и задоволство можам да кажам дека зазема почесно место и невозможно е, а да не се забележи тоа.

За време на ископувањата во 1910-1911 година. беше пронајдена мермерна плоча со текстот од молитвата "Оче наш".

Оче наш

Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
лебот наш насушен дај ни го денес
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не нè воведувај во искушение,
но избави нè од лукавиот.

Амин!

karmeliski-manastir-1

karmeliski-manastir-2

karmeliski-manastir-3

karmeliski-manastir-4

karmeliski-manastir-5

karmeliski-manastir-6

karmeliski-manastir-7