Среда, 16 Јуни 2021    Печати
По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

1_copy_copy_copy_copy_copy

Маслинова гора или Гетсиманска градина

 

 

 

 

 

 

 

Мане Јаковлески

Пристигнав на врвот на Маслиновата Гора- Гетсиманската Градина, до познатиот видиковец, од каде се овозможува прекрасниот панорамски поглед на Стариот Град, Сионскиот Рид и новиот дел на градот. Куполата на карпата блеска на сонцето и така доминира над градот. Видиковецот е преполн од туристи, чии лица одразуваат изненаденост, зачуденост, збунетост, зависно од тоа како ја доживуваат сликата од градот која лежи пред нас. Опкружен со каскадно зеленило, кипаруси, зад кои назираат сакрални објекти.

 

Маслинова гора- Гетсиманска Градина е место каде се наоѓаат осум маслинови дрвја кои се стари 2000 години. На ова место Исус се молел, тука е фатен, врзан и одведен на судење.

Маслинова гора е местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде се собирал често пати со своите ученици-апостоли.

Маслинова гора е местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.

На мeстото каде Јуда го предал Исус Христос, била изградена базилика уште во 5 век.

2

446px-Gethsemane

Maslinova_gora_23.11.2011_16

maslinovata-gora-2

maslinovata-gora-3

maslinovata-gora-4

1_copy_copy_copy_copy

Во близина на Маслинова гора - Гетсиманска Градина се наоѓа и  црквата каде е Гробот на Света Марија.

Гробот на Света Марија (мајката на Исус Христос) се наоѓа на Кидронската долина, блиску до црквата на сите нации. Оваа мала осумаголна капела била изградена во 5 век, а во 614 година била разрушена од страна на персијците. Повторно била изградена во 12 век.

maslinovata-gora-6

________23.11.2011_65

________23.11.2011_99

maslinovata-gora-7

________23.11.2011_97

maslinovata-gora-9

________23.11.2011_79

________23.11.2011_94

maslinovata-gora-10

________23.11.2011_80

maslinovata-gora-11

maslinovata-gora-12

maslinovata-gora-13

maslinovata-gora-14

Наредна среда: Црква Патер Ностер (ОЧЕ НАШ)